Се собрале грлати
пред молчаливци
па викаат па крикаат
нешто
сосем неразбирливо
ту возбудено
ту рамнодушно.
Чиниш во следниот миг
ќе навалат на молкот
на молчаливците.
Они пак гледаат
со отворени очи во нив
обидувајќи се совреме
да ги протолкуваат
викот и криците.
Видно се застрашени
да не навлезат
во нивните редови.
ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Сетне, поетска инсталација, 74
Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.
Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.