fbpx Прескокни до главната содржина

Градба

Јанѕи од јава во јазол

Мраморен столб
стожерен
а околу него стари дрвја
без корен без срцевина
наредиле на чистина
во дамнешни времиња
луѓе кои деноноќно
ги гледале далечините
сјајот на ѕвездите
нивните тишини
притоа смислувајќи
заедничко постоење
со сè уште живи предци
и отуѓени потомци.

Чудна некоја градба
на чистина обградена
со стеновити планини
без никакви траги
на искачување
за живот на дофат
на сонце или месечина.

Оддалеку не може
да се разбере смислата
на градбата
но одблизу лесно
се открива содржината
сосе функцијата
на мраморниот столб
стожерен
особено на дрвјата
стари околу него
без корен и срцевина:

чистината обградена
со стеновити планини
очигледно служела
за секакви игри со кои
се довикувале
богови и божици
да им бидат наклонети
на луѓе доблесни
да им помогнат
да опстанат борејќи се
против непријатели
на нивното постоење;

тие сигурно биле
еднакво можеби
повеќе во сегашни
одошто во дамнешни
одошто во идни времиња
затоа што
заедничкото постоење
со сè уште живи предци
и отуѓени потомци
отсекогаш било
и секогаш ќе биде
крајно неблагодатно.

ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Новота, стихозбирка, 70

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.