34. Една смрт
Панде Соколовски се обвинува себеси за смртта на неговата Бисера. Замина откако доживеа инфаркт, ѝ се одзеде снагата и остана прикована за нивниот брачен кревет.
Не издржа долго, само седум дена и ноќи. Не можеше да ја гледа таква. Сосем беспомошна, сосем зависна од неговата или од туѓа нега. По само седум дена и ноќи ја прегрна, ја бакна и замина без збор.
Панде Соколовски е сиурен дека немаше да умре ако останеше. Ќе поживееше уште некој ден, денови, недела, недели, година, можеби години…Може и ќе закрепнеше, може и сосем ќе оздравеше ако продолжија заедно.
Зошто замина? Не може да си одговори, никако не може да си објасни.