ГОЛТКИ, минијатурни раскази/ескизи

Потребно време за читање: < 1 минута

30. Безгрижна игра

Во парк околу мала фонтана играат безгрижна игра детенце и старец. Трчаат, скокаат, се смеат, се прскаат со вода од неа. Запираат за миг, земаат здив, па продолжуваат.

Неколкумина возрасни мажи и жени ги поддржуваат со извици, смеа и ракоплескање.

Во близина на клупа седат средовечни маж и жена, меѓусебно оддалечени. Во молк, рамндоушни. Како воопшто да не се познаваат.

По некое време старецот и детенцето ја прекинуваат играта, уморни, возбудени и седнуваат на клупата меѓу нив.

По некоја минута сите стануваат и едни покрај други заминуваат.

Leave the first comment