ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 83-94

Потребно време за читање: < 1 минута

83. Загрижен народ

Дами и Господа,
Народот е многу загрижен дека вашата општествено-политичка, економско-социјална и културно-забавна положба стана нормално ненормална.

 

84. Мислење

Бидејќи сум уште мало дете, мислам дека големите деца треба одвреме-навреме да ме прашаат нешто. За нивно добро.

 

85. Чудно

Зошто разумни и достоинствени партијци избираат тапоумен за свој лидер, па потоа го поднесуваат и дури бесрамно го бранат?!

 

86. Власта како таква

Власта е власт особено кога краде, корумпира, лаже и мами.

 

87. Сакање

Големите деца ги сакаат малите додека се мали. А кога малите ќе пораснат, тие престануваат да ги сакаат. Дури ги мразат оние што ќе ги надвишат.

 

88. Последиците

Најмногу сакани и несакани последици доаѓаат до израз при љубов и секс.

 

89. Капацитети

Партиските капацитети ни се многу благонадежни!

 

90. Насушна потреба

Зошто нечесен на власт има насушна потреба да лаже крадејќи?!

 

91. Творецот

Творецот го нема никаде, но со нас се неговото дело и неговиот творечки дух.

 

92. Со ум

И бери ум и мери им го умот.

 

93. Отпор

За почеток е доволно да престанеш да купуваш што не ти треба и да не плаќаш што не мораш.

 

94. Дал` да плачам или да се смеам

Многу жени се вљубени во мене, а јас само во една!

Leave the first comment