48. Чекачи
-Што чекате?
-Да ни дојдат подобри времиња.
49. Синоним
-Синоним за политикант на власт?
-Курназ.
50. Нема место
Нема место за памет меѓу луди и збунети.
51. Идиотиве
Идиотиве на власт се за да прават велепредавнички и мафијашки идиотштини.
52. За чудење
И покрај сè, бедните и јадни творци не престануваат да творат!
53. Незналец
-Не го разбирам прашањето.
-Ќе го разбереш кога ќе научиш.
54. Можно ли е?
Меѓу крадци ниеден што не краде, а ни меѓу нечесни ниеден чесен?!
55. Во љубов
Тие се убави, ведри и спокојни оти се во љубов.
56. Јадосан
Не му излегувај пред очи оти му е стемнето од јадови.
57. Откриен
И те открија и се откри, та нема кој со што било да те покрие.