Фантазија

Тивки клокоти

Човек без фантазија не е ниту дел од стварноста. Неа само ја прифаќа, но не ја доградува, надградува, досоздава и пресоздава.

Фантазијата е пред сè творечко мислење, вруток на креативноста воопшто. Но, пред сè на уметничката, научната и техничката. 

Со неа се браниме од грубоста, суровоста, залудноста? Со неа многу повеќе ја браниме љубовта, нежноста, добрината, искреноста.

Врска меѓу фантастичното и метафизичкото? Да, доколку метафизичкото го разбираме како нешто надвор од физичкиот свет, но не и над него.

Близоста меѓу фантазијата, мечтата и измислицата е несомнена. Нивна исходишна точка е најчесто визионерството.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни записи, 120

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.