ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 36-40

36. Надојдува невреме

Облаци не даваат да огрее месечина.

37. Посветено

За никого твори дело без зборови.

38. Не прашува

Нема кого да праша кај му се корените.

39. Ука и опит

Збирал ука и опит во живот без него.

40. Љубов што била

Во дамнина разделба молкум.  

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.