Едности IV, 236-240

236. Сликар

Создава слика од мигновени слики.

237. Вкоренување

Тоа трае и трае во конкретен живот.

238. Земна сила

Ниедна друга сила во човек надземи.

239. Имено

Секогаш ти, имено, му недостасуваш.

240. Иста со исти

Гола кловновка меѓу кловнови.

ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици)

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.