231.Скришен
Речи макар скришен збор за нас.
232. Неодречено
Паметам што не одрече последно.
233. Снеможеноста
Снага снеможела, а мисла не.
234. Созревање
Со години созрева наше дело.
235. Спроти
Стојам спроти исчезнат свет.
ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици)