ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 181-185

Потребно време за читање: < 1 минута

181. Товар

Премали снага незнаен товар.

182. Снага

Има снага собрана во свеста.

183. Јагмење

Јагмат спроти него, се јагми сам.

184. Петно

Фрлено петно на невино лице.

185. Идење

Одамна иде сон во стварност.