ЕДНОСТИ II, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 76-80

Потребно време за читање: < 1 минута

76. Заскитавме

Заскитавме сами во беспатје.

 

77. Стои

На ветромет врв до небо извишен.

 

78. Едни

Едни сме секогаш пред силници.

 

79. Непростливо

Со народ без народ непростливо.

 

80. Подобро

Јас со мој свет на хоризонт.

Leave the first comment