ЕДНОСТИ II, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 86-90

Потребно време за читање: < 1 минута

86. Во ред

На ред, по ред, со ред за во ред.

 

87. Сила

Сила за ништо насила и бессилно.

 

88. Шегач

Се нашол шегач со луѓе за здравина.

 

89. Радосен

Со нас плаче, лета, се смее и пее.

 

90. Предалеку

Му отиде предалеку трпението.

Leave the first comment