ЕДНОСТИ II, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 96-100

Потребно време за читање: < 1 минута

96. Како

Умислен ветар пред пустелија.

 

97. Некако

Се токми птица-селица за нов предел.

 

98. Кога

Преку денови и ноќи стравотни.

 

99. До кога

Ни последен издив безгрижен.

 

100. Дека сега не

Можеби некогаш светлина и почит.

Leave the first comment