ЕДНОСТИ II, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 101-105

Потребно време за читање: < 1 минута

101. Огледување

Се огледувам во нова виделина.

 

102. Маж и жена

Маж и жена низ нежни цвеќиња.

 

103. Урнатина

Од дамнина урнатина на сонце.

 

104. Војна за крај

Сега војна по некогаш војна.

 

105. Дете

Меѓу огнови дете мирно спие.