ЕДНОСТИ II, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 136-140

Потребно време за читање: < 1 минута

136. Нов почеток

Извесен ден за род и рожба.

 

137. По крај

По крај без нив дека свои не се.

 

138. Едновремено

Нежности и самости мигум.

 

139. Иктиза

Мора да сме каде било ние.

 

140. Оглед

Јас црн и црвен зрак во сонце.

Leave the first comment