ЕДНОСТИ II, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 141-145

Потребно време за читање: < 1 минута

141. Јавна сцена

Грубости и маски без луѓе.

 

142. Возбуда

Пред мене возбуда за мене.

 

143. Танци

Безвучни танци на птици во лет.

 

144. Исто сè

Нечија секидневност на показ.

 

145. Собитие

Урнатина, смрт и пламена тишина.

Leave the first comment