ЕДНОСТИ II, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 146-150

Потребно време за читање: < 1 минута

146. Ни повеќе ни помалку

Толку од мене засега во друго време.

 

147. Веќе не

Без дело и со мене и без мене веќе не.

 

148. Крајност

Гледаш што по тебе не останува.

 

149. Пак почеток

Секогаш почеток по крај без крај.

 

150. До кога уште

Во свој траг никако да се вкорениш.

Leave the first comment