ЕДНОСТИ II, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 166-170

Потребно време за читање: < 1 минута

166. Сон од несон

Заробен сон во мрежа пајакова.

 

167. Мрачни сенки

Лунѕаат мрачни сенки застрашени.

 

168. Силник

Нашол силник слабаци за игра.

 

169. Говор

Глас јасен, докажан и громок.

 

170. Злостор

Умреле старец којзнае кога.

Leave the first comment