ЕДНОСТИ II, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 236-240

Потребно време за читање: < 1 минута

236. Денови и ноќи

Ни намножени не можат да ме снеможат.

 

237. Потамина

Потамина дека не е на свој пат.

 

238. Сосила

Веќе не може сосила сè намислено.

 

239. Љубов и убавина

Во љубов убавина на виделина.

 

240. Инсан

Сиот инсан улутен и разбранет.

Leave the first comment