Уште од заживување
па сè
до своја стаменост
човек слуша
исто како да не слуша
песна на својата душа
во молк во тишина
во него не од него
и не заедно со него.
Едромина милодина
касалева одралева
лигобети тројосвети.
Човек слуша
со него луѓе слушаат
од почеток на дишење
до почеток на немост
негова душевна песна
сосе молк сосе тишина.
Човек животворен
на земја за во земја
под камено небо.
Бедроник селеник
ијомав парадомав
јаколе дотаголе.
Пробува он со луѓе
заедно
да ѝ испее зборови
кои не се поврзани
со никакви значења
со никаква смисла
или логична точка
во која се собрани
сите воздиви издиви
неповторливи
но никако од грло
да ја излее
за почеток или крај
а да се открива
а да се осознава
како душевна песна.
Азирија елозирија
улигоса мориноса
редифаки хевијаки.
Човекот и луѓето
конечно видоа душа
како им остава сè
за паметење
и заминува пеејќи
своја
единствена песна.
КАМЕНО НЕБО, Душевна песна,, апстрактна поезија/игриви песни, 74