176. Тага
Забораваш свое минато
во кое не се препознаваш.
177. Што сме биле
Не те прашувам што сме биле,
ами зошто не сме кога бевме.
178. Не знам
Ме залажува мртов камен
како знак на мој опстанок?
179. Согледав
Некоја синевина над нас,
непрегледна, празна, нечија.
180. Глаголење
Глаголам судбина на свет
без ниеден живот пред смрт.