452-602

452. А бре дибеци-наречиновинари!
Вештачката интелигенција не ви пишува нарачани текстови, а вие само да ги турите-објавите во ваши весници, на ваши портали, радија и телевизии!
Таа е за да дополнува, обработува, богати од вас пишани текстови. (И многу е важна брзината.)
Значи, таа служи како алатка, а не за вие да не се мачите и да се правите паметни!

453. Наспоредно препознавање на трајноста и свест за минливоста.

454. Бесцелно итање напред за само да не се стои во место или да се тргне назад.

455. Признание на велико дело од знаени и знаменити.

456. Предупредувам!
Со внесувањето на бугарско малцинство во Уставот на Македонија како државтоворено народ (тоа е барањето на Бугарија!),
Готово е со македонскиот народ и македонската цивилизација од антиката до денес.

457. Се плашат од напред оние што мора да отстапат.

458. Ненаситни богатници туркаат во бездна на непостоење мали народи и немоќни држави.

459. Секоја неминовност со помирливост.

460. Војната е сè помалку за стравување, а се повеќе игра на делба и прекројување.

461. Сè понедогледна конечна победа.

462. Нема безмерно и безобѕирно богатење во мир.

463. Никој не знае? Секогаш има некој или некои што знаат.

464. Не можеш да ме следиш? А кој го бара тоа од тебе?!

465. Од никого не барам согласност за она што најмногу зависи од мене.

466. Премногу долго невидено и нечуено понижување на чесноста и правдата во Македонија!
Неподнослива политикантска смрдеа!

467. Во суштина, љубовта е за секое добро и за одбрана од секое зло.

468. Ако нема иднина за нас, зошто ни е сегашнинава?

469. Светот е отворен за секој слободен.

470. Нема извесност со безумници на чело.

471. Слуги и платеници за изроди.

472. Сегде урнатини за долго умирање во невреме.

473. Најтешко е да се живее во согласност со дивина, без трага што води кон питомина.

474. Секој ден да ти е за ведра и спокојна ноќ.

475. Во нездраво најпрвин се ништи здравјето. Додека не почне да здравее.

476. Не може да биде добро кога не се знае што е.

477. Ако си силен, не биди насилен. Брзо ќе те обессилат заедно слаби.

478. Знам што ќе биде утре со нас, сѐ додека е наше денес.

479. Безумие!
Нема поголем срам од членство во клинички мртвата партија СДС-Антимакедонска, на чело со квазилидер како В.Ф.

480. Случајно за тебе, намерно од други.

481. Ти избираат за да не избираш.

482. Само болести и смрти од безумна власт против ум.

483. Стоиш долго во место зашто веќе немаш сили ни за напред ни за назад. Или поради бесмислено постоење.

484. По љубови љубов единствена!

485. Изгубен:
Одамна те нема кај што треба да те има.

486. Се вртиш во круг дека веќе ти е сеедно кон каде.

487. Како тоа никогаш да не ти иде да полеташ кон твојот небосклон?!

488. Создавањето дело само по себе е со цел.

489. Се случува трагично за целиот свет, но допрва ќе биде уште потрагично и можеби најтрагично.

490. Штом мртвите не се бројат, тоа значи дека Смртта го победила Животот.

491. Убавината е секогаш внатрешна. Само што секогаш не постои свест за тоа.

492. Годините бавно, но неминовно и неизбежно обессилуваат сѐ што најмногу зависи од нив.

493. Кога е на показ творечкиот дух, постојаноста на постоењето е непореклива.

494. Парадоксално е дека најчесто големи умови и големи творци на мал народ ги препознава и величи голем народ.

495. Може да се гледа големата слика доколку пред неа се согледаат малите.

496. Смешен и за исмевање е глупав предводник на мртва политичка партија кој се амбицирал да ја освои власта.

497. Јас сум за власт која најжестоко казнува предавства и изродништва.

Прочитај и за ... >>  Мои народски изреки IV, 458-562

498. Белки денов во себе има и за нас утре.

499. Моето постоење е просто невозможно без тебе, љубов.

500. Прав човек цел живот се бори против минливоста и бедата на живуркањето.

501. Одамна е осознaено дека не се можни права и слободи без одговорности. Јас додавам и човечности.

502. Ќе ме нема кога веќе нема да слушаш ништо за мене.

503. Менувам став по многу нови сознание.

504. Проклети пари на проклетник од проклетија.

505. Невозможно е човек да биде задоволен од сѐ.

506. Траењето не се мери со време, туку со постојаност.

507. Од творец и за него никогаш доста.

508. Мислата, дејствувањето и создавањето во рамновесие.

509. Повеќе согледувам одошто догледувам.

510. Секогаш нова цел додека одиме натаму.

511. Немоќта предизвикува пакосно дејание.

512. За мене е важно. За тебе не знам, па и не сакам да знам.

513. Што значи соодветно платен труд?!

514. Политиката на војна е со најмногу подлости.

515. Бори се, без оглед на сѐ.

516. Во природата на љубовта е да врзува и споделува, не да освојува и поразува.

517. Секоја трага против заборав.

518. Знам до каде, но не знам до кога и колку.

519. Дека знае многу, како да знае сѐ.

520. Промените се нужни заради континуитетот.

521. Можеш многу кога сакаш доста.

522. Достоинствен живот и во живуркање.

523. Споредбите често не се ни предизвик ни поттик. Со поразителноста неретко водат во малодушност.

524. Изгубеното време не само што не се враќа, ниту се повторува, туку и не се надоместува.

525. Простачки е да провоцираш со прашање. Ќе те премолчат со презир.

526. Најтешко е да одиш по свој трнлив пат.

527. Малкумина се оние што ги паметам по добро.

528. Слугуваш зашто не си способен да бидеш независен и самобитен.

529. Болно амбициозниот ниту знае, ниту мисли што зборува и како се однесува.

530. Најголема тага во самотија.

531. Во какво било време со искрени и надежни.

532. Сите мои љубови во мене.

533. Се што создадов е за со мене и по мене.

534. Направи добро за да биде добро.

535. Многу, та премногу непрежалени љубови од младост до старост.

536. Никој сега со исто што било некогаш.

537. Во асолна држава се бележат и прославуваат родендени, годишнини, клучни настани и датуми на создавање-објави на значајни дела на видни творци.
Кај нас се обзнанува само нивната смрт. И тоа ретко-случајно. Зошто? Затоа што Македонија е партократска држава, па творците и нивните творештва им пречат и им се „непријатни“ на политичарите и политикантите на власт и во опозиција.

538. Лоши времиња за лоша живеачка, на раб на преживување.

539. Никој ме нема сосе мојата слобода.

540. Нема чекор напред по предолго чекорење назад.

541. Времето не ја менува природната убавина. Неприродната не ја менува, туку ја искривува, извртува и извитоперува.

542. Се залагам за систем на вредности против минливости и безначајности.

543. Сѐ подалеку едни од други и сѐ подалечни од себеси.

544. Во мрак на луѓето им паѓа мрак на очи.

545. Оружјето сѐ повеќе во лично владение.

546. Во длабока старост години исти, a со сѐ потешки товари.

547. Маргиналци влијаат врз оние што лесно паѓаат под влијание.

548. Почнат неминовен процес:
-одумирање на партократската држава;
-одумирање на партиите;
-спонтано формирање ДВИЖЕЊА предводени од видни мислечки, научни и творечки личности кои ќе раководат со државата и ќе се грижат за општествениот развој.

549. Меѓу чад и оган малку време за здраворазумско согледување.

550. Не е добро за никого и ништо љубовта да тлее како оган.

551. Одвреме-навреме радо се забавувам со себеси.

552. Ненадминливи глупости на неписмени политичари.

553. Млад и зелен, а никако да созрее.

554. Бидете сериозни. Ѓаволот одамна ја однел шегата во бестрага.

Прочитај и за ... >>  Думање на голем и мал човек XXVII, 755-1.000

555. Ако е сѐ наредено, нема зошто да се наредува.

556. Здраворазумниот никому не му е послушен. Решава заедно со оние што решаваат и извршува заедно со извршителите.

557. Цената не зависи само од понудата и побарувачката, туку во голема, ако не во многу поголема мера од квалитетот на животот.

558. Голем е светот со мали светови.

559. Секоја војна е војна меѓу живот и смрт.

560. Не престануваат да тресат зелени, иако е одамна сѐ зрело. Дури презреано.

561. Извалкани платеници со валкани пари валкаат сѐ што ќе преземат во свои раце.

562. Не се заборава за да не се повторува сосе последиците.

563. Достоинствен и доблесен народ најпрвин го чисти своето минато од сите лаги, измислици и фалсификати.

564. Творецот со своите дела многу повеќе живее за други одошгто за себе.

565. Недозволиво е од демократски избрана власт да зависи сѐ.

566. Те чувствувам силно, љубов, и кога си близу и кога си несносливо далеку од мене.

567. Светол му е патот на великиот творец до неговата последна цел.

568. Подобро за секого кога е добро за сите.

569. Сѐ во интерес и за добро на народот во државата, еднакво на граѓаните во општеството.

570. Однесувај се како што прилега и како што се однесуваат спрема тебе.

571. Се формираат нови воени блокови за нови меѓублоковски војни!

572. Прекројувањето е за носење и поднесување ново тесно скроено.

573. Не е добро да туркаш напред само за да не стоиш во место.

574. Вистински мир е само мир во тишина и спокој.

575. Стана невозможно да станеш богат само со личен труд, способност и знаење.

576. Креативниот дух е најголем и најсилен бранител на личната идентитетска слобода.

577. Се знае што е што и кој е кој во светот на вредностите. Само треба да се признаат и возвишат.

578. Ако сакаш и ако имаш волја, ништо нема да те спречи.

579. Познавам секакви, не ме познаваат никакви.

580. Народот те величи и поддржува оти си свој на свое, а не нивен на нивно.

581. Не може да имаш сегашност, а да немаш минато.

582. Непресушен е изворот на љубовта.

583. Не се опстојува со многу тајни.

584. Во твое време важно е колку, а не до кога.

585. И спрема смртта стануваме рамнодушни колку што е почеста и помногубројна.

586. Благородна цел:
Да бидеш што си и кога нема да бидеш.

587. Невозможно е, а не неприфатливо човек никому да не му е потребен. Особено ако е он на стари години.

588. Никому ни сум му стоел на патот, ниту си дозволувам некому да му стојам.

589. Не оти не ме интересира ништо во врска со моето грандиозно творештво. Само што ништо во врска со него не зависи од мене.

590. Сум создал дела за многу животи? Којзнае. За времето на мојот сигурно.

591. Добар предводник секогаш слуша и што зборува и што мисли народот.

592. Знаеш многу за мене, но никогаш доста. Никогаш.

593. Мора да ти го признаат делото. Дека е и големо и вредно. Само да не биде предоцна не за тебе, туку за нив.

594. Молчиш пред мене зашто немаш доволно зборови наместо.

595. Не дозволувај никако и по никоја цена да те прегази времето. Сеедно дали е добро или лошо.

596. Однесувај се како што му прилега на самосвесен човек.

597. Љубов голема во длабок молк.

598. Се случило и се случува сешто како ништо.

599. Од еден до друг крстопат-пустелија.

600. Важно е да ги разбираш нештата совреме.

601. Сѐ што можело не се сакало, па останало незаборавно.

602. Зад тебе подлеци за кои си недостижен.

ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXVIII

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.