Думање на голем и мал човек, XXVI, 586-706

Потребно време за читање: 5 минути

586. Кој не може без мене, не може ни со мене.

587. Никогаш не нè преумори она на што сме посветени,

588. Ем нескротлива ем изворна ем слободна творечка енергија.

589. Не ги познавам и не сакам да ги познавам оние што безразложно атакуваат на моето дело.

590. Ако бегаш, не се враќај.

591. Ќе нè биде ако го сотреме плевелот меѓу нас.

592. Тебе веќе ни совет на опитен не може да ти помогне.

593. Во мене оган што тлее и одвреме-навреме се разгорува.

594. Не е мртва љубов, а како да е штом нема ни глас ни трага од неа.

595. Ништо не останува од човек кој не остава никаква трага за своето постоење.

596. Трновит е сечиј пат поплочен со добри намери.

597. Доблесен човек се бори и кога знае дека поразот е неминовен.

598. Не го критикувај оној со кого не си на рамна нога. Ќе те порази во поим.

599. И ти како него, но не исто.

600. Се прилагоди на сè, па не се препознава себеси.

601. Паметите некого од политикантските арамии во нашето блиско минато? Јас паметам многумина. Не се за заборавање.

602. Сè е гнило во политиката штом има повеќе партии од партијци.

603. И да ве лажат и да се лажете-исто ви с фаќа.

604. Нема здраворазумен што би останал да живее во мафијашко-олигархиска држава.

605. Не ти вреди што се прашуваш како сега. Треба да се прашаш зошто и со кого вака досега.

606. Една љубов запрела и не продолжила.

607. Создаденото дело само се обзнанува. Ако во меѓувреме не биде уништено.

608. Носиш на совест многумина, а спиеш мирно!

609. Обессилен, испокраден, безидентитетски народ-жртва на изроди и предавници на слобода!

610. Нема утрешнина за никого сè додека не се живее пристојно само со личен труд и дело.

611. Не се владее со врзани раце.

612. Ние да си го тераме нашето, но и да не дозволуваме да нè тераат по нивно.

613. Колку повеќе двоумење, толку повеќе крстопати.

614. И припадноста е дел од самосвесноста.

615. Лошото соседство е неминовно лошо за лошиот сосед.

616. Исклучителен-недостижен.

617. Ме умори просечноста.

618. Не си човек наместо сè додека те местат.

619. Љубовта е суштествена за опстанокот на човекот како човек.

620. Голем политичар е пред сè авторитетна и влијателна личност.

621. Прибрал изрод околу себе шуто и рогато, па одработил за туѓи интереси против исконски народ.

622. Исто ко што беше, сè дури се на слобода изродничките арамии и предавници.

623. Се вртиме и нè вртат во круг.

624. Ако не си прочитал што сум напишал, тоа значи дека не сум напишал за тебе.

Прочитај и за ... >>  Думање на голем и мал човек, 707-881

625. Не паметам ниеден жив македонски писател. Одамна никому не сум му видел очи, ниту некој видел мои.

626. Како тоа ти вадат од контекстот на реченото, кога тоа нема контекст?!

627. Не знаеш што збориш, а никако да замолчиш.

628. Полнота на животот од воздив до издив.

629. Не сум гневен, но сè повеќе останувам рамнодушен.

630. Надминуваш други надминувајќи се себеси.

631. Добро е што за мене не се знае ништо. Зашто нема што.

632. Неугаслив е мојот оган во домашното огниште, каде и да сум.

633. И до смрт и по смрт во мене, ти љубов.

634. Со последна сила на ново, повисоко скалило на скалата на животворноста.

635. Стар корен се вкоренува и се шири сè подлабоко.

636. Состојбата е вонредна, а борбата за власт редовна.

637. Само да не е предоцна за што било. Се надевам дека уште не е.

638. Народот македонски се ништи со труење и неизлечиви болештини!

639. Се знае како, ама не се сака да се поведе жестока борба против непријателите на народот.

640. Нема кој да ја брани Македонија од непријател што го труе народот?!

641. Нема кој не знае зошто. Малкумина знаат кој, кога и како.

642. Народот избира власт да го брани и да го напредува неговиот квалитет на живот. Ако не го прави тоа, тој ја зема власта во свои раце.

643. Не може поинаку, освен истовремено решително и моментно и системски.

644. Ништо не правиме сè додека не ја сотреме и не ја искорениме мафијашката политикантска багра.

645. Изродници и мафијаши на власт за проклети пари.

646. Ги знаеш центрите на моќ, а ништо не преземаш против нив?! Тоа е мошне сомнително!

647. Прва обврска на секоја власт:
Здрава и чиста природна и животна средина.

648. Немоќен и неосвестен народ во валкани раце на мафијаши и политиканти-за да се разнебити што побрзо.

649. Знаеш сè, а ништо не знаеш.

650. Човек за жалење-чист, чесен, искрен и делотворен.

651. Ништо со спонтан отпор. Само со организиран може нешто.

652. Ги изми страховладеачот рацете пред немоќниот народ и извика: „Јас сум чист моќник“.

653. Љубов без врска се таи.

654. Твоето мислење за мене чувај го за твоите истомисленици.

655. Ако живееме, сосем е неважно колку ќе живееме.

656. Брани си го здравјето како знаеш и умееш.

657. Мојата доверба е бесценета.

658. Моето грандиозно мислечко и книжевно творештво е пред сè израз на мојата слободоумност.

659. Политичар наместо мора да ја знае тежината на секој свој исказ.

660. Валкана држава, валкано општество, валкана власт, валкана опозиција-валкан живот во изумирање.

Прочитај и за ... >>  Думање на голем и мал човек XXVI, 283-433

661. До гуша во минливо и безвредно секојдневје.

662. Сè може да се исчисти прекуноќ.

663. Во секоја трагикомедија најтрагични ликови се чесните, а најкомични достоинствените и доследните.

664. Ни во место не достојуваат прилагодени на мизерија.

665. Никогаш не одам против себеси.

666. Секоја матна игра е за измама или манипулација.

667. Единствена љубов-непорочна, безмерна, бескрајна.

668. Ги надминаа сите граници на лицемерието, та веќе нема кој ни да ги слуша ни да ги гледа.

669. Ништење на немоќен народ-со отруен воздух и бавна пеколна смрт.

670. Само жестока борба против корупцијата, криминалот и партиската мафија. И против соучесништво.

671. Со оглед на состојбите, не пак, туку вистински почеток. На сите и за сите.

672. Не знам затоа што не ме интересира.

673. Најмногу болни амбиции во политиката.

674. Пишувам за да прочиташ кога ќе имаш време.

675. И поводот и причината со согледливи последици.

676. Трагите што ги остава зад себе секој делотворени човек се длабоки колку што он длабел во животот.

677. Меѓу црно и бело најмногу сивило.

678. Многу за други, најмалку за себе.

679. Љубовта се мисли, се сони и се живее.

680. Секогаш менувај за подобро.

681. Сè на виделина, па да видиме што е што и кој е кој.

682. Нема ништо лесно жизнено.

683. -Како си?
-Уште истрајувам.

684. Сосема е ирелевантно дека некои македонски издавачи радо би објавиле мое книжевно или мислечко дело. (Ми испраќаат понуди.) Просто затоа што јас не (си) го дозволувам тоа.

685, Кон мојата филозофија на доволност:
Наравоучение, поука, опит, ука, посвететност-духовно богатење.

686. Непречено напред со мислечки личности на чело.

687. За апсолутна слобода на творечкиот дух.

688. Малодушноста најмногу иде од немоќ и неверување.

689. Препознатливи:
Луѓе со личен и колективен идентитет и интегритет.

690. Си со непорочната љубов и кога не си.

691. Тешка или лесна, мојата стамена старост е само моја.

692. -Уште?
-Сè уште.

693. Љубов пред сè друго во траење.

694. Обезвреднето дело во безвреден свет.

695. Исплака солзи горешти за негова докажана љубов.

696. Не гледам и не слушам, но си зборам.

697. Подобро да не оди ко што оди затоа што е доста „падни-стани“.

698. Во сечија делотворност најмногу едноставни и здраворазумски решенија.

699. Политикантството е непремостлива брана за осмислена и доследна политичка алтернативност.

700. Напред задолжително со предвидливост.

701. Ако не сум ти во мисла, ништо од тебе за мене.

702. Секогаш макотрпно до согледлива цел.

703. Најголема верба во сопствени сили.

704. Има љубов недокажана-невозвратена.

705. Секогаш сè од мене со мене.

706. До каде ќе стигнам-дотаму сум можел.

ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXVI