434. Замисли!
На државава и општествово не им значи ништо творец на свои 75 години, кој живуркајќи создал мислечко и книжевно творештво најголемо на светот!
435. Животот го облагородуваат вредности, не минливости и дребнавости.
436. Најмногу се радувам на творечки достигања. Сечии.
437. Промени секидневни, промени деноноќни. Со многу жртви, саможртви и исцрпувачка забрзаност.
438. Знаци, гласови и звуци неменливи од искони до денес. Еднакво непорекливи.
439. За добро здравје и со добра мисла.
440. Во песна слушам глас единствен и неповторлив.
441. Горчлива голтка вистина меѓу лаги, измислици и манипулации.
442. Клучни пред секое дејствие: кога, како и до кога.
443. Безвременски љубов и страст.
444. Заборавени од сите-значи, не ни постоеле.
445. Ако не знаеш, подобро молчи. Може да кажеш незаборавна глупост.
446. Во мене голема и длабока празнина без тебе.
447. Или нови луѓе за новото или прилагодување на постојните пред сè со учење.
448. Креативниот дух пред сè друго досега, сега и отсега.
449. „Има политика во сè“ е вулгаризација на политиката. Во сè има ум, разум, опитност и лична способност.
450. Не е добро да живееш со проблемите. Добро е да се соочуваш со нив и да ги решаваш.
451. Успеа да ме преиграш? Во ред, ама повеќе не ти дозволувам да играш со мене.
452. Можеби го знаеше ова, но јас ти пренесов лично искуство.
453. Ако те плаши иднината, остани во сегашнината.
454. Учиш од умен и опитен за да знаеш повеќе од него.
455. Штом си-биди!
456. Будна, претпазлива и внимателна љубов во неизвесни времиња.
457. Неснослива реа од расипана гнида човечка.
458. Индивидуална, но и колективна одговорност за какви било дејанија против народот и неговата држава.
459. Исполнет со злоба и омраза само за секакви злосторства.
460. Измислуваш сè и сешто за мене зашто ти пречи моето постоење.
461. Јас сум не најголем, а единствен критичар на моето дело. Имам свои блиски чии гледишта ми значат.
462. Не владееш со мудрост, искуство и знаење, туку од политикантски интереси.
463. Великан е човек со велико дело што го заслужило општеството и ја задолжило државата.
464. Ништо не се менува само од себе за да се прилагоди.
465. И фалба и самофалба со усул.
466. Немој да прифаќаш пораз како неминовност, туку како моментна слабост или подготовка за победа.
467. Среќен човек со озарено лице.
468. Не е добро да те надвладеат емоциите пред да ја прифатиш неминовноста.
469. Рационалноста не ѝ е својствена на љубовта.
470. Не прифаќај ако не разбираш.
471. Најдобро е она што е само за тебе.
472. Најголемо и највредно е она што си го создал сам.
473. Радува близост на непознат и далечен.
474. Има многу едноставни нешта што не можат да се купат со пари.
475. И почитувам и сакам нешта различни од моите.
476. Амбиција:
Секогаш повеќе од сработеното и постигнатото.
477. Безначајно и бесполезно живуркање од денес за денес.
478. Честото носи навика и рамнодушност.
479. Ништо не правиме со оние на власт кои не прават или не знаат да прават што е неопходно.
480. Предизвик е да откриваш и осознаваш ново во старо или постојно.
481. Можна ли е љубов без тајни?
482. Ако ништо не правиш штом не си власт, не треба да бидеш.
483. Лесно со внатрешниот непријател. Тешко со надворешниот кому тој понизно му служи.
484. Се правиш наглув за да слушаш внимателно и совреме.
485. Разнебитувачки непријатели на народот владеат со лаги, измами и кражби и лицемерно се богатат.
486. Оној што победува знае дека и поразите се за победа.
487. За гревота си ако уживаш како партиски предводник.
488. На човек спремен на саможртва не му требаат жртви.
489. Свесен си за својата вина? Па не чекај да те казнат. Казни се сам.
490. Со посветеност до најголеми дела и постигања.
491. Најдалеку со ум, разум, знаење и искуство.
492. Ако можеш сам, не чекај никого да ти се придружи.
493. Никој не може да ме запре. Може нешто.
494. Во љубовта најмногу заедничко време.
495. Посегаш по туѓо зашто ти е малу она што е твое.
496. Валкан валка за да не излезе на чистина.
497. Твојот комодитет е непремостлива пречка за поуспешни и појаки од тебе. Се разбира, не за долго.
498. Мафија-корупција, криминал, неказнивост, политиканти и квазиполитичари. Гордиев јазол?
499. Што прави власта далеку од очите и ушите на јавноста? Она што ѝ е наредено и пишано.
500. Сè извалкано и испогането од примитивци! Како против нив? Со строгост и жестоко казнување. Не со политика.
501. Испокрал милиони од народот и ни влакно не му фали на празната лејка. Згора и партиски предводник!
502. Подобро не го прави ако не ти е целта да го направиш асолно.
503. Кажувам, укажувам, докажувам и предупредувам. И што? Од мене тоа.
504. На стар, немошен и колку-толку здрав не му треба друго, освен внимание и грижа. Од него, пак, никој не бара ни мисла ни искуство.
505. Од пред избори зависи дали на избори.
506. Љубовта иста, ни поголема ни помала и на млади години и во длабока старост.
507. Меѓу многу кандидати секогаш еден пред и над сите. Со дела и визија.
508. Дебилно е да гласаш ако сметаш дека нема за кого.
509. Исклучително, автентично, атрактивно, привлечно-предизвикувачко.
510. Не им требам и не ми требаат-исто е.
511. Им благодарам на оние што ме паметат.
512. Лицемерие и мимикрија во дивина.
513. -Ние се познаваме?
-Можеби некогаш.
514. На свет во кој не сум му е сосем сеедно дали сум уште жив или сум одамна мртов.
515. Моето дело за тебе не постои оти не го признаваш и го премолчуваш. Нема причина тоа да те вознемирува.
516. Најтешко е да си сам на заеднички врв.
517. Во Македонија врие од политичари-арамии и туѓински измеќари. А на народот не му паѓа на ум да се крене на нозе.
518. Сите сме виновни за сè што ни е како ни е? Не! Јас не сум!
519. Насетувам дека за нас идат уште полоши времиња од овие. Се играат многу големи игри зад кулисите.
520. Ни ја пустошат земјава, а ние се прилагодуваме на опустошена.
521. Кај да чепнеш-гнилеж? Па може ли врз гнилеж да се почне здраво?!
522. Сè ми се чини дека веќе нема кој да се нафати да чисти.
523. И во светот и кај нас човекот станува сè порамнодушен спрема насилната смрт. Од немоќ.
524. Профитот ќе ја уништи човечката цивилизација.
525. И љубовта немоќна против грубоста и суровоста?!
526. Не се повлекуваш, туку ти е сеедно.
527. Од ден на ден партократијата сè понаметливо и сè подрско го покажува своето грдо лице.
528. Матниот ум го кријат за бистриот да не го открие.
529. Не ми преостанува ништо друго, освен да создавам дела колку да ми мине времето.
530. -За кого ти?
-Јас за мене и за тебе.
531. Мое време и откога ќе ме нема? Којзнае.
532. Избираш со кого заедно до кога и до каде.
533. Меѓусебна почит да, но секогаш придружена од самопочит.
534. Нема зошто да ја таиш твојата најголема љубов.
535. За жив творец нема завршено дело.
536. Најдобрите докажуваат како заедно со нив и како по нив.
537. Политиката се темели на мудрост и искуство, а занимавањето со неа мора да бидем сосем во функција на државата и општеството.
538. Власт за постојан напредок на вредностите и квалитетот на животот.
539. Постојам, значи живеам и творам.
540. Волунтаризмот е некритичко прифаќање на минливоста како траење.
541. За самодоверба што произлегува од аргументи и факти.
542. Не е можен ни современ ни модерен живот без семејни вредности.
543. Доволност за задоволство и ведрост.
544. Примитивноста и инфериорноста се изразуваат со агресивност.
545. Секогаш блиски во љубов. И кога е непремостлива далечината.
546. Вистински учен човек учи цел живот.
547. Предоцна не се случува кога никогаш не е доцна.
548. Се измачуваш себеси кога не си она што сакаш да бидеш.
549. Без потомство гасне домашното огниште и се ништат семејните корени.
550. Мразејќи други, се мразиш себеси.
551. По делата се познаваме и со нив ќе опстанеме.
552. Ја молчам мојата самотија. Оти е само моја.
553. Не сум со вас зашто немам никаква полза од вас. Ниту каква-годе можност за добро.
554. За вас утре, а за мене денес.
555. Не биди грешен и ти, наследнику. Симни го товарот на гревот што го сториле твоите ближни.
556. Некој успеал да биде како што било и уште е.
557. За моето грандиозно мислечко и книжевно творештво, единствено на светот:
За него многумина не знаат ништо, а многу малку се оние што знаат понешто.
558. Знам дека не знаеш и ми е жал. Особено оти не се ни обидуваш да сознаеш.
559. Има празнотија како жива рана во човек чесен и доблесен.
560. Сè почесто одговарам не кога ме прашуваат дали може.
561. Во сè подлабока старост со сè побавен, но уште стамен чекор.
562. Зарем избираш меѓу вредности и секидневности?!
563. Провинцијален дух решил да живее модерно!
564. Он е голем, а дребнав? Па што?! Не е ни прв ни последен.
565. Во мислите и чувствата си ми, о љубов.
566. Нема расправа за поезијата. Таа е што е.
567. Ти си против мене? Добро, ако знаеш зошто.
568. Да зборуваме за нас во светот на вредностите.
569. Прашај се дали сум жив и пробај да си одговориш.
570. Не ме открива овој свет, а никој не знае кој ме покрил!
571. Има животот убавини кои не се за тебе.
572. Ни во чекор ни во стоење во место заедно со прост, беден и дробен човек.
573. Јас сум единствен „случај“ во светската книжевност?! Не знам за тоа, но знам дека сум „прогласен“ за никој и ништо во македонската. Што е ептен голема будалаштина.
574. Личноста предничи во секое напредно општество.
575. Ех, кога секој би правел и создавал колку што може.
576. За тебе е подобро да кажеш кој ти го напишал тоа што го читаш.
577. Ако си чист, нема да дозволиш да те валкаат со „црна кампања“. Нема да ја криеш вистината.
578. Доврши, заврши, па почни одново.
579. Прво сам со себе, па после заедно со оние што се како ти.
580. Секогаш искрен. И пред и со неискрени.
581. Провери што си узнал и што си чул за него. За да не му згрешиш.
582. Во љубов и со љубов е сè полесно.
583. Тешко на родителите кои сметаат дека нивните деца во зрели години не се подготвени за самостоен живот.
584. Ризици и опасности на секој чекор во брза живеачка.
585. Реалноста бара да се чувствуваат видливите и согледливите нешта.
ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXVI