132. Едно е да тераш политика, а друго да тераш работа како политичар.
133. Ако не си ги мериш зборовите, ќе се најде некој што ќе ти ги измери.
134. Не може ни да се замисли што сè им се крои на мали и слаби.
135. Секогаш народот повеќе чувствува, отколку што навреме согледува.
136. Организирана држава и здраво општество-недостижна цел?!
137. Долгорочен успех по долга и макотрпна работа, создавање и дејствување.
138. Не се обидувај да убедиш разочаран, апатичен и бесцелен човек.
139. Народе, политиканти не престануваат да те крадат, да ти се смеат в лице и да плачат за стап.
140. Во безвредно време најтешко ѝ е на непорочната љубов.
141. Стори нешто за добро на сите без пари, па ќе ја спознаеш човечноста.
142. Си го проживеа векот на висока нога, а не остави ништо за паметење.
143. Со празноглави никој не стасал на крај со здрав ум.
144. Политиката е над сè онаму кај што минливоста го надвладеала квалитетот на животот.
145. Секој промислено и стамено. За сеопшт напредок.
146. Бизнисот не е најпрвин за богатење, туку за докажување, напредување и достоен живот.
147. Не работи што било, туку она за што те бидува и што го знаеш.
148. Нерешителноста многу наштетува. Некогаш дури неизмерно.
149. Создавај за добро и за лошо да не ти иде.
150. Ти грешеле многу, но многу повеќе со предумисла ти наштетиле.
151. Од вистинска љубов останал само занес.
152. Оној што знае го прашува оној што знае.
153. Големо невреме огнено.
154. Луѓе снеможени со сè повеќе заблуди и залудности.
155. Политикант во опозиција-шутрак.
156. Кловновски примитивци за страховладеење во циркус на истренирани луѓе и диви животни.
157. Не прифаќаш зашто не разбираш, а не разбираш зашто не се ни трудиш.
158. „Човекот имаше право“-признаваш откако човекот почина.
159. Важи особено за политичар:
Изгубена доверба не се враќа.
160. Зависи од кого се очекувањата оправдани или неоправдани, реални или нереални.
161. Со неодговорност и неказнивост сèе многу тешко, речиси невозможно.
162. -Јас сум творец.
-Па што ако си!?
163. Секој молчи и премолчува многу повеќе, отколку што зборува и докажува.
164. Нема напредно општество без суредена држава.
165. Надуен балон или се пушта да одлета кон небото или пука по некое време. Може и да се издиши бавно.
166. Сè е како да е веќе видено. Тоа е затоа што е сè од едни исти.
167. Во ничиј живот нема две исти љубови. Има една и единствена.
168. Те предупредувам дека ти мислам добро.
169. Според како е, не очекувам, не се надевам, ниту верувам дека ќе биде.
170. Мои големи времиња зад мене, мое мало пред мене.
171. Било што било штом не може да биде пак.
172. Ништо не ти успеа против мене? Да, на крајот.
173. Само те потсетувам дека сум во право сè додека не ми докажеш дека не сум.
174. Прават понешто за нас, а ние за нас ништо.
175. За мнозина не сум предалеку, туку сум недостижен.
176. Мојот изминат животен пат ем трновит ем со безброј надминати премрежја.
177. Не си цвеќе за мирисање оти си одамна овената.
178. Ми ја знаеш љубовта? Ако нешто ти значи, можеби ја познаваш.
179. Можам да обединувам зашто не сум со никого.
180. Проклетство:
Голем во голема беда и сиромаштија.
181. Не сум за ова време на конзумеризам. Јас сум мислител и творец.
182. -Ти си една обичпна нула.
-А ти си две!
183. Од творец никогаш доста.
184. Безидејни во политиката-да ги ринеш со лопата.
185. Многу малку заслужуваат да се родат пак.
186. Ти како сакаш, но јас не можам да те заборавам.
187. Со мене се многумина, а не сум им на чело.
188. Јас сум што сум зашто не сум ни за овие ни за оние.
189. За грев е млад политичар кој си дозволува да чита одвратни глупости издиктирани од негов празноглав предводник.
190. Се собрале празноглави и недоветни во мртва политичка партија.
191. На предавнички изроди и апашишта ни влакно не им фали на нивните празни лејки.
192. Немам богатство, ама имам достоинство.
193. Неписмен и недоветен во партија за власт.
194. Доблесен граби напред и покрај сè.
195. Јас сè уште не сум сретнал успешен беспрекорно чесен, самостоен и независен бизнисмен.
196. Не знаеш, ниту сакаш да знаеш зашто можеш без знаење.
197. Ја вознемируваш љубовта?!
198. Мизерија:
Без лично достоинство и докажана припадност на својот народ.
199. Секој успех се потврдува во нов. Секој неуспех за ука и поука.
200. -Нема крај за тебе?
-Нема! Зошто да има?!
201. Почитувам сечиј каков било самостоен успех. Не постигнат врз грбот или на штета на друг.
202. Секоја лага ако не совреме, тогаш најсетне успева сама да излезе на виделина.
203. За мене е многу важен, некогаш најважен континуитетот. На опстанокот, постоењето, извишувањето.
204. Со остварување се остваруваш како личност.
205. Ние не се согласуваме? Апсолутно ненужно за нашето заедништво.
206. Ти го дотерале умот оние на кои им слугуваш понизно.
207. Твојата положба исклучиво зависи од позицијата на твојата партија-дали е на власт или во опозиција? Како си го дозволил тоа?!
208. Најрадо се шегувам на своја сметка. Тогаш сум најсериозен.
209. Можеш без љубовта некое време? Ај пробај!
210. Не станува збор за лична одговорност, туку за идиоштина потпалувањето, распалувањето и горењето на сопствена земја за политички цели.
211. Со бесрамници нигде и никогаш.
212. Која ми е последната цел? Да стасам на неа.
213. Не сум скаран со ниеден македонски издавач!
Само не прифаќам-не дозволувам никому да објави мое дело во печатен формат.
214. Што е со нашата култура и нашето творештво? Се навикнаа да живуркаат сами со себе и за себе.
215. Спортот ни е за никаде затоа што немаме физичка култура.
216. Веќе е видлив и лесно предвидлив пустошот на нашава земја. Зашто се нема свесност, совесност и лична одговорност.
217. Трагично е кога гори дури сè не изгори и пеплоса.
218. Да ти се плукнам на бизнисот што ти е само за лично богатење.
219. Младата работна сила против квазибизнисменството.
220. Се осилил најголемиот внатрешен непријател на народот-партии во опозиција.
221. Ѝ верувам на длабока и безмерна љубов.
222. Ме премалуваат излишни и излитени зборови.
223. Чисти ги совреме валканиците на животот. Не дозволувај да навалат на тебе.
224. Само длабок рез за целосно чистење на гнилост.
225. Ништо не заздравува само кога е сè нездраво.
226. Нема нормалност меѓу ненормалности.
227. Кога се знае сè, ништо не може да се сокрие.
228. Најболно за членови и приврзаници на политичка партија која ја изгубила власта е губење на бизниси и валкани пари.
229. Пустошење и горење на плодна земја-најголемо злосторство врз народ и негова држава.
230. Најголема опасност за политичките партии се видни, слободни и независни творечки личности.
231. Народ без потомци и знајни предци неминовно брзо изумира.
232. Целосна зависност-на чекор од окупација.
233. Доста ти е што разбра дека е жива твојата љубов.
234. Добро е, но е далеку од нужно добро.
235. Мртва партија е онаа што ја предводат предавници и крадачи на народот.
236. Не се пропаѓа достоинствено, туку рамнодушно.
237. Не е власт власт за личен интерес. Таа е дел од мафија.
238. Најопасно за тебе, страховладеачу, е да тормозиш добродушен и трпелив народ.
239. Многу бескорисни говеда на власт.
240. Еден за никаде успеал да се прикаже како еден за сите.
241. Може и да домислам и да се премислам во името на слободата на мислата.
242. Моето творештво-мој личен идентитет.
243. Нема лесно, Само да е со лесно.
244. Висок ѕид меѓу соседи за да не се гледаат напоречки.
245. Со одродил и станал изрод.
246. Живееше свој живот и со никого не сподели ништо од него.
247. Човештина и љубов без пари.
248. Нема незамисливо од посветен. Од него сè до неговото крајно време.
249. Неугаслива и непреболна љубов.
250. Генијот е единствен и ненадминлив.
251. Без препознаени, возвишени и чествувани вредности-живот безвреден.
252. Од никого сосила зашто ништо не бидува сосила.
253. Нема поголема идиотштина од животот да ти зависи од идиоти на власт.
254. Голема празнина во душата на творец кој не доживува ни миг радосен од конечно создадено дело.
255. Има говеда на власт, особено во опозиција, кои не се ни за во јареми да ги ставиш.
256. Злобни и зависливи неизлечиво ги разболува оној што е секогаш чекор пред нив.
257. За никого не е добро да нема кому ни да му кажуваш ни да му докажуваш.
258. Пука по шевови што е тесно скроено. Без оглед колку е мајсторски сошиено.
259. Изборна демократија:
Имаш неприкосновено право да не гласаш, ако сметаш дека нема за кого. Наместо да избираш едно од повеќе зла.
260. Еден човек не прави ништо?!
Прави многу видна, авторитетна, бескомпромисна и влијателна личност.
261. Храбар народ, а уценета и кукавичка власт!
262. Бараш во себе љубов што си ја имал некогаш.
263. Парите те отепале, па не вредиш ништо.
264. Учење на далечина, бизнис на далечина, љубов на далечина…Цел живот на далечина!
265. При топло-ладно оди некако. При жешко-мразно неиздржливо.
266. Туркаш дури не почнеш да се туркаш.
267. Забрзано ми се троши времето за со други. А и времето за мене сè позабрзано.
268. Не ми треба фала од неблагодарни луѓе.
269. Политички игри за дворски шутови.
270. Алчноста неминовно предизвикува нечовечност, а заедно со неа бедна смрт.
271. Неподнослива смрдеа од гнила партија пред последен чин на самоуништување.
272. Конзумеризмот е капиталистичка патолошка болест.
273. Најотпорна на какво-годе деструктивно влијание е самосвесноста.
274. Спокој и ведрина во ред и поредок.
275. Му завидуваат дека му е сè тамам.
276. Бидува како било без тебе.
277. Во суштината на личната слобода:
Избор без влијание.
278. Била љубов што друга не може да биде.
279. Полнота на животот:
Сè нужно, ништо непотребно.
280. Секоја смрт со предзнаци.
281. Не опстојува светол ум меѓу помрачени.
282. Да влијаеш првин на состојби и процеси, па сетне на однесувањето, дејствувањето и творењето на луѓето.
ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXVI