Думање на голем и мал човек XXVI, 1-131

Потребно време за читање: 5 минути

1. Разбивам непотребни стереотипи.

2. Не се познаваме оти нема зошто.

3. Недопустливо е новинарската слободата да се „брани“ со непрофесионално, политикантско, пристрасно новинарство и уредникување.
Ова особено се однесува на електронските медиуми (радија и телевизии) на национално и локално ниво. А ги има прст и плева.

4. Многу треба за сè да се доведе во ред, па да се почне.

5. Нема надминување на ненормална нормалност без казнување и отстранување на сите што ја создале.

6. Кажувам што мислам и што треба да се прави.

7. Не сакаат да ги советува стар и искусен? Затоа се залетуваат и брзо паѓаат.

8. Борбата за пристојна живеачка најтешко ја води сам човек. Додека е жив.

9. Со мене можат малкумина, Колку што се доволно.

10. Една љубов ме остави сам на ветромет.

11. Не може ни да ми се доближи некој од оние што како било ми наштетиле во животот.

12. Не си голем меѓу мали, ниту силен меѓу слаби.

13. Несомнено и непорекливо!
Во Бугарија нема бугарски народ! Има бугарска нација создадена сосила од побугарчени Македонци, Турци, Роми и понекој татаро-монголски аспаруховец.

14. СДС северномакедонска е мртва партија, но нема кој тоа да му го објасни на преостанатото недоветно и политикантско членство.

15. Сè додека членки на ЕУ се наци-фашистичките и геноцидни Бугарија и Грција, Македонија нема што да бара во неа.

16. Велепредавниците и внатрешните непријатели се сè уште на слобода?!

17. Опозицијата е најголем внатрешен непријател на народот и државата, а вие барате таа да биде конструктивна!

18. Јадост и срдитост пред светлина во мрак.

19. Се готви нешто горчливо на распален оган.

20. Плева безумни, злосторни и предавнички политиканти им се нудат на туѓини однапред и одзади за пак да бидат власт ненародна.

21. Вака не оди, а инаку не знаеме или не сакаме да одиме.

22. Се чекори стамено по стамено чекорење на исправени предводници.

23. Секое злодело се подготвува и се прави долго прикриено.

24. Лошо одат работите зашто ни се лоши предводниците.

25. Непреболни се многу неминовни нешта. На пример заминување од родното огниште и негово запустување.

26. Со љубов во љубов.

27. Живеј денес за утре и ќе има време за тебе.

28. Не знаеш зашто не те интересира.

29. Постоењето на човечките цивилизации се темели на вредности.

30. Матно е зашто не бистрат оние што ветија дека ќе избистрат, та матењето непречено продолжува.

31. Бескомпромисно или скоро сотрени!

32. Кога јас би решавал, би почнал со ослободување од партократијата. Со нов Закон за политички партии.

33. Нема демократија додека се партии на власт.

34. Голем е секој народ што го водат видни умни, учени и опитни предводници.

35. Си се вкоренил во оваа земја, а се однесуваш спрема неа како да не е твоја!

36. Прав стопан знае како и со свое и со заедничко и со туѓо.

37. А што е со културата на нашето однесување? Да не е поразена од примитивизмот!?

38. Сè за валкани пари. И тело и душа, и живот и смрт.

39. Европски наци-фашизам:
Геноцид, асимилација, хегемонија.

40. Недоречена и недокажана љубов тлее во срцата на разделени до смрт.

41. Влијателна личност:
Видна, докажана со дело, постојана, доследна, со неприкосновена авторитетност.

42. Познавате политичар кој зборува красноречиво?

43. Оспоруваш несомнена вредност во корист на своја штета.

44. Предуслов за успех во бизнисот:
Упорност и саможртва или зависност од политичка партија на власт.

45. Не ова, не она, не вака, не онака до прво и последно да.

46. Безволен живот по насилна смрт.

47. Ако го оставиш да лае, ќе немаш мирен сон.

48. Си згрешил во изборот, па трпи ги последиците.

49. Недоветен опозиционер:
Не ја оправдал довербата, а пак ја бара.

50. Пристоен живот-човечен.

51. Лесно со туѓински душмани. Најтешко со домашни.

52. Со здрава мисла против секакви болештини.

53. Сонував дека сме заедно.

54. Недозволиво, а непоправливо:
Се богатат со крадење на сиромашен народ.

55. Горди на лични постигања.

56. Нашите најдлабоки траги допрва ќе се откриваат.

57. Пред конечен пораз напаѓаш зашто веќе не можеш да се браниш.

58. Лесно се манипулира и злоупотребува човек без самосвест.

59. На чисти лица не им требаат никакви маски.

60. Никако со заробени и болни умови.

61. Се осилува оти си слаб и нерешителен.

62. Неминовно гасне животот со утре исто како денес.

63. Курвинска европска политика.

64. Произволот најмногу се плаши од чесното владеење.

65. Цврсто верувам дека барем нешто од сè што сум изнапишал ќе прочита оној што знае да чита.

66. Од многу љубови сал една до крајот на животот.

67. Остани со здравје на телото и ведрина на духот.

68. Сам исконски народ во своја земја меѓу тројца безогледни соседи, освојувачи и разнебитувачи.

69. Да те видам за последен пат, па да исчезнам.

70. Гладен и јаден до коска.

71. Уште само понешто од мене.

72. Слободен пазар:
Затврдени правила и стандарди, цени зависни од понудата и побарувачката, конкурентност.

73. На малкумина им е добро, а на многумина им е од лошо полошо? Така е сегде кај што владеат партии.

74. Доволноста прави да си задоволен и да си имаш прави задоволства.

75. Стварноста е сè посурова. Идат сè полоши времиња.

76. Сонцето зајдува, твојата сенка се издолжува.

77. Стари и деца на исто се радуваат.

78. Плукаат, блујат, поганат и мислат дека некој ги смета за асолни.

79. Нема натпартиски интерес на партии што го делат народот за непречено и што побрзо да го разнебитат.

80. За лична и партиска одговорност.

81. Во туѓина длабока носталгија и силен патриотизам.

82. Очигледно е дека престројувањето на светот не може без судири на интереси и разгорување на војни.

83. Слободоумна творечка и мислечка личност-критична и самокритична.

84. Примерен и почитуван во систем на вредности.

85. Бескомпромисен државник во одбрана на националното достоинство.

86. Најинтимна е врската меѓу љубовта и љубовната лирика.

87. Најголеми непријатели на исконски народ со своја држава: освојувачки и асимилаторски соседи.

88. Говор на прав политичар:
Секој збор одмерен и на вистинско место.

89. Ми должат многу и многу сум ги задолжил. Не ми треба возврат.

90. Минливи и безначајни во поделен свет.

91. Привремено сојузништво од користољубие.

92. Ноќ зад нив, ден пред нив, тие бесцелни.

93. Грамадно дело што зрачи безгранично.

94. Те жалам дека не читаш, не слушаш и молчиш сè подлабоко.

95. Дамна бев со луѓе. Одамна сум сам човек.

96. Ти упорно им збориш, а тие упорно не те слушаат.

97. И љубовта се учи да вреди.

98. Ме чувствува, а не ме ни познава!

99. Стареењето од ден на ден натежнува сè повеќе.

100. Болно е и жално кога на луѓето им недостасува човештина.

101.Замолчен во сè помрачен молк.

102. Партиските полтрони се однапред за одзади.

103. Нивниот предводник ги срамоти на секој чекор, а тие бесрамно го следат во чекор.

104. Различно и исклучително за почит и приопштување.

105. Не културен натпревар, туку културно проткајување. Различности во различност не можат да се натпреваруваат.

106. Предвидливо е сè што е резултат на континуум.

107. Опстанок во свое време и во свој простор.

108. Човекот ја менува стварноста за што помалку да биде зависен од неа.

109. Самосвест, сувереност и самобитност-за живот што вреди.

110. Светот е еден со многу големи и мали светови.

111. Соработка исклучиво од заемен интерес.

112. Јас и ти во љубов како никој.

113. Некои ненадејни злосторни невремиња за народ во невреме.

114. Ем не знаеш ем се правиш паметен. Па удираш со глава во ѕид.

115. Паметам луѓе кои ми сториле добро и секогаш ќе ми сторат.

116. Измислуваш топла вода од дамнина.

117. Откривам и осознавам создавајќи.

118. Јас сум сегде и нигде. Како за кого.

119. Ретко убави, ведри и спокојни луѓе.

120. Прашувам зашто не знам.

121. Суша и огнови од несовесни и злосторни.

122. Не ти е добро кај што си, па скоро ќе заминеш надевајќи се дека негде ќе ти биде.

123. Секогаш си и ќе ми бидеш убава, љубов.

124. Во секој нов ден понешто ново сосе многу исто. Најчесто како предизвик.

125. Од ближни мртви живи рани.

126. Најголема мачнина на човек во години: старечко и болежливо живуркање.

127. Секогаш меѓу творечки свет и сурова реалност.

128. Нужности за опстанок: заедништво, споделување, разбирање, компромис, прилагодување.

129. Омразата иде наспоредно со простаклакот. Тие и меѓусебно се надополнуваат.

130. Соседот не го избираш, а соседството е меѓузависно.

131. Минувај, не заостанувај.

ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXVI