885. Единствен македонски одговор-борба против наци-фашизмот на Бугарија и ЕУ:
1. Еднострано раскинување на бугарско-македонскиот Договор за (не)добрососедство и (не)пријателство;
2. Раскинување на Грчко-македонскиот договор („Преспански договор“).
886. Вистината не е за мразење, туку за почит и самопочит.
887. Секој јавно изговорен збор открива понешто од оној што го изговорил.
888. Чесен човек или го почитуваш или не. И со него си или не си.
889. Создавајќи за себе, создаваш за блиски или слични со тебе.
890. Го допрел дното нечовечко самоцензуриран кој цензурира.
891. Зависливоста се раѓа од нераскинлива врска меѓу инфериорноста и примитивизмот.
892. Ти само така зашто не знаеш инаку.
893. Мудриот човек е секогаш свесен за ризиците и последиците.
894. Еднакви во љубов живородна.
895. Те изеде совеста. Те стопи. Не личиш на човек.
896. Моето мислечко и книжевно творештво-моја сушност.
897. Отворено дело: за досоздавање и пресоздавање; истовремено осознавање на неговите вредности и затврдување на неговата постојаност.
898. Преслушај се, човеку, пред да почнеш да збориш.
899. Идат подобри времиња? Како за кого.
900. Не грешиш свесно, туку пакосно.
901. Трајни вредности и возвишени дела ги потврдуваат самобитноста и личниот и колективните идентитети.
902. Непорочната љубов најдокажлива на стари години.
903. Ништо не може да ти го запре чекорот на твој пат.
904. Не е доцна сè додека не биде предоцна.
905. Ете, стигна на твојата последна цел. И што сега? Како отсега? Бесцелно?!
906. Народот ќе се радува и на најмалку вратено од политикантските мафијаши испокрадено.
907. Тежина на старост:
Многу мои години во залудно самодокажување.
908. Ја знае ли наци-фашистичка ЕУ разликата меѓу современ и модерен, како и разликата меѓу нив и вековит? Или се прави наудрена? Несомнено се прави!
909. Со стрвни соседи нема, ниту може да има добрососедство.
910. Навалува на сосед сосед крадач и освојувач.
911. Вредности не се спротивставуваат една на друга, туку меѓусебно се приопштуваат.
912. Да се бориш за самоидентификација против хегемонисти и асимилатори?!
913. А што е со корупцијата во земји-членки на ЕУ? Ја нема?!
914. Најпрвин свој на свое и со свое.
915. Нерамноправни никаде и никогаш заедно.
916. Љубов и близост близу или далеку.
917. Избор со знаење и критериум.
918. Личност за почит и восхит:
Препорзнатлив со непорекливо дело.
919. Има властодршци кои не ја знаат ни азбуката на политиката.
920. Луѓе надвор од политиката ја бистрат, а луѓе во неа ја матат за со неа да се богатат.
921. Почитта е дел од личната култура.
922. Во туѓ свет живееш зашто не си создал свој.
923. Правиш многу погрешни чекори, а ниеден прав. Очигледно, уште не си научил да одиш.
924. Не чини времето или не чини твоето здравје.
925. Оди напред внимавајќи кој ти е зад грб.
926. Политички идиот е политикант кој не знае што зборува.
927. Нема права љубов во заборав.
928. Не е прашање од каде треба да се чисти рибата. Прашање е кога почнува да се бистри матната.
929. На туѓинските платеници и мафијашите не смее да им се дозволи време на слобода.
930. Предавствата продолжуваат сè додека се дозволуваат, а не се казнуваат.
931. Најмногу боли ненадеен удар.
932. Што помалку претпоставки. Ако може ниедна.
933. Јаки со слаби играат секакви игри. Во неизвесно време најдолготрајните-воените.
934. Доверба со дела и за дела.
935. Растење и извишување на стари години? Не. Само самодокажување.
936. Создавам дела за утре? Којзнае.
937. Миг на тишина пред исчезнување.
938. Најбогат живот-во љубов.
939. На крајот крај без нов почеток.
940. Најдолго време-меѓу паметење и заборав.
941. Секој на свое место под сонцето.
942. Штом си решил-реши.
943. Си ги признаваш грешките за да не ги повторуваш.
944. Јас не велам дека си стар. Велам дека си во години.
945. Од гнилиот Запад: декаденција, деградација, деструкција-дехуманизација.
946. Богатиот не троши пари кај што може без пари. И кај што сиромав плаќа двапати.
947. Молчи зашто нема што да каже.
948. Станува неподнослив со своите глупости, па мора или да престане или да се оневозможи.
949. Отишла љубов во неврат?!
950. Лицемерен е најпрвин богат, силен и бескарактерен човек.
951. А зошто дозволуваш стопати кажана лага да стане вистина!?
952. од две зла избираш зло? Зошто избираш!?
953. Најпрвин вода секаде и за сите. За живот, за заживување.
954. Менталитетот се менува најбрзо со строго казнување и високи казни за недозволено дејание.
955. Заткулисни игри со марионети.
956. Од родителите најмногу зависи потомството.
957. Не сте вие далеку од мене. Јас сум далеку од вас.
958. Неменливиот ритам на секојдневјето обезличува.
959. И лесно и тешко, и брзо и бавно, и макотрпно и игриво создавање дела.
960. Го напушташ домашното огниште зашто незапирно пеплосува.
961. Во исто време до кога и до каде.
962. Ме снеможи твојата внатрешна убавина, љубов.
963. Во политиката доследноста и достоинството одат заедно.
964. Ти сакаш, ти можеш-ти не мораш.
965. Напор голем, а неисплатлив. Тоа нема врска со целта.
966. Продолжението го потврдува или не почетокот.
967. Што се однесува на мене, моето само напред и покрај сè скоро ќе заврши.
968. Тешко вам со вашата предводничка гнида.
969. Ако знаеш од каде натаму, нема да се колебаш.
970. Правам и доправам, создавам и досоздавам.
971. Драго ми е дека ти се допаѓа. Затоа што допаѓањето е првично.
972. Ти се кинат врските, а немоќен си да ги сочуваш здрави и прави.
973. Цел живот за една љубов.
974. По пораз предавање или продолжување на борбата до конечна победа.
975. Нема никаква смисла откако е сè залудно.
976. Ароганцијата му е својствена на примитивен дух и плиток ум.
977. Восклик:
Да ни живееш долго, исклучителен и возвишен творецу!
978. Одмори, па продолжи со стамен чекор до следниот умор.
979. Вредноста е вредност и единствено таа ниту може да биде назначена како првас од врвни, ниту е некаков достижен стандард.
980. Исконските народи со своето постоење во голема мера ги фрустрираат нациите и ги прават геноцидни, обидувајќи се да ги збришат.
981. Штом на секаков начин се обидува да те уништи, значи му пречиш и се плаши од тебе.
982. ЕУ е геноцидно-етноцидна карикатура од унија и е неодржлива.
983. Нема непријателство меѓу еднакви животворци. Има меѓу големи и мали и силни и слаби.
984. Ако ја знаеш вистината, таа е твоја.
985. Љубовта има многу непријатели. Омразата ѝ е прв.
986. -Што правиш во моментов?
-Во моментов правам нешто.
987. Не заташкувај. Ќе ти се удри од глава.
988. Мора жестока борба против внатрешниот непријател на народот и неговата држава. Истовремено жестока борба за одбрана на македонството.
989. Не бегај од она што мора да го сториш оти најмногу зависи од тебе.
990. Веќе не само невозможна, туку и залудна одбрана пред последен разнебитувачки чин.
991. Смачено ми е да им повторувам нешто одамна знајно на оние што од незнаење кажуваат глупости. На пример разликувањето на народ од нација. И дека немало и нема македонска нација. Имало и има македонски народ.
992. Јас сум творец на мислечки и книжевни дела. Ништо друго.
993. Вака како што е не може и нема да нè биде.
994. Станува очигледно дека политичките главатари немаат доволно решителност, достојност и храброст.
995. Ми поминаа и младите и зрелите години во мачна борба за пристоен живот. Ми минува и староста.
996. Да, без секого се може, но не без нечија оставина.
997. Љубовта е и кај што нема ништо друго.
998. Покажи заби ако ти се здрави.
999. Корените, јазикот, културата и творештвото се стожери на националниот идентитет.
1.000. Секој политичар мора да знае и да не заборава дека без гласот на народот не смее ништо.
ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXV