153. Со црни и бели облаци го трујат македонскиот небосклон!
154. Војни допрва меѓу народи и нации.
155. Неприродна смрт иде со омраза до нечовечно однесување.
156. Луѓе без морал на власт-простаци, неуки и злодејни.
157. Човеку, научи пред сè друго дека твојот опстанок зависи најмногу од тебе со луѓе.
158. Љубов во слобода-слобода за љубов.
159. Изроднички предавници без потомци.
160. Во заедница бессовесни и човечни?! Не, туку несовладлива граница меѓу нив!
161. Само со творештво и култура просперитетно општество.
162. Не согледува што се случува, камо ли совреме да разбере навестувања.
163. Пробиваш пат до цел за оние на кои им е достижна.
164. Блазе си ти што се многу длабоки корените на твоето постоење.
165. Товарот на вината станува сè потежок со негирањето на нејзината очигледност.
166. Од секого според годините, силата и енергијата.
167. Се губат семејните вредности, ја губи човек смислата на живот во заедница.
168. Секогаш треба да ја мислиме ранливоста на љубовта.
169. Не се надевај на богат живот. Работи и бори се за пристоен.
170. Од секого вредно понешто.
171. Сè полесно до знаење за со знаење.
172. Краткотрајност со итрина, долготрајност со умност.
173. Споделувам со знајни и незнајни вредности за заедничко плодотворно време.
174. Мораме разумно од кај што сме денес до кај што ќе бидеме утре.
175. Сум претргал многу и којзнае уште колку на моиве старечки години.
176. До никаде јас и ти во спомени.
177. Борба за човек до последен воздив.
178. Си ми сторил нешто лошо? Ај да заборавиме.
179. И со кревко здравје стамен чекор.
180. И на власт и без власт-лична одговорност.
181. Нема недостижна цел кога е сè достижно до неа.
182. Во секоја борба непоколебливо.
183. Големо дело на творец со самосвест.
184. Во политиката мудроста и опитноста треба да се први.
185. Без правила секој игра своја игра.
186. Љубовта не опстанува меѓу навики и стереотипи.
187. И за сенка од човек има место под сонцето.
188. Цел живот учиме од животот.
189. Стар бел дедо е водечка мислечка и книжевна личност во светот!
А он создава дела од што си нема друга работа!?
190. Новиот-мултиполарен свет треба да се темели не на суверени големи и мали, силни и слаби држави, туку на заедништво и споделување.
191. Добро е што моите негатори ме сфаќаат сериозно и кога се шегачам со нивните дејанија.
192. Мораме строго да го разграничуваме природното од вештачкото, а во одбрана на човечкото во нас. Особено кога е збор за природната и вештачката интелигенција.
193. Не самофалба или претенциозност, а самосвест за создадени вредности.
194. Ова е тоа, па ти сега размисли дали ќе бидеш за или против.
195. Партиски кловнови во опозициски циркус го забавуваат и смеат народот.
196. Мене ме прашуваш до каде сме? До овде и сега.
197. Во љубов не споделување на сè, туку на суштината на заедништвото.
198. Верувам во континуитетот на постоењето на човекот.
199. Последица на нерешителност да се сече во корен:
Трагедија со огромен број мртви и ранети млади животи-причина за одлагање на неминовни радикални промени.
200. Секој ден сè помалу на број блиски, знајни и незнајни. Си оди времето.
201. Што ти требало да ме заборавиш?
202. Се плете пајаковата мрежа во која скоро ќе бидете уловени. Да одговарате за стореното и нестореното.
203. Во испокрадена земја многумина не учеле за чесен живот.
204. Секако оставаш трага за следење до твоето сокривалиште.
205. Што му станало на човекот што згрме? Го знаеме како тивок и трпелив.
Му дошло сè прекуглава.
206. Зар може поразен од љубов?!
207. Спас во последен час само со радикални чекори до нов почеток.
208. Твои најголеми непријатели се оние што не ти се пред очи.
209. Не било, не е и не ќе биде ниедно време за стоење во место.
210. На чистина со вистина.
211. По делото те паметам.
212. Се трудам да согледам подалеку од до кај што ми гледаат очиве.
213. Исчезнување по постоење без трага.
214. Напредување кон светлина, назадување во мрачнина.
215. Угаснала една љубов меѓу многу исти.
216. Знаеме што сакаме? Знаеме, ако сакаме.
217. Сè смислено да биде промислено.
218. Ни чекор напред кон недогледна цел.
219. Во зборови мисла животворна.
220. Безобѕирен за туѓи интереси.
221. Големштилакот омаловажува, обезвреднува и ништи.
222. Кога е во опасност, човекот лесно се престорува себеси во ѕвер.
223. Истураш гнев врз добродушни луѓе зашто немаш врз кого друг.
224. Жална е староста која боледува зашто е сама и без никој свој.
225. И пред смрт сè порамнодушни!
226. Дури и собирањата на ближни крај домашно огниште ни стануваат сè помалу жизнерадосни!
227. Секој од свое и од себе за сите.
228. Навреда простувам, ама не заборавам.
229. Смртта е пред сè друго разделба со ближни за сите времиња.
230. Тешко ти е, си ја знаеш тежината, од каде е и колкава е, но веќе си немоќен против неа.
231. Нека истекува што побрзо сè што не се менува.
232. Умираш откога ќе се дознае дека веќе не си жив.
233. Чувствувам дека си со мене, љубов, откога не си.
234. Емоциите се први кои го докажуваат човекот како човек.
235. Веќе не се прашувам до кога јас. Конечно си одговорив: до којзнае кога.
236. Светот во кој он битисува е мал за неговото големо дело.
237. Времето се победува со безвременост.
238. Со никого не сум зашто никој не е сега.
239. Си го создал, си го растел и си го зреел за да биде свој без тебе.
240. Убаво време не е за оној кому времето не му значи ништо.
241. Бришат твоја трага за да не постоиш.
242. Си во моите мисли, а тебе тоа ти е сеедно.
243. Без вредности создадени и од тебе и од други животот е безвреден.
244. Не прави ако правиш колку да биде направено. Нема да биде.
245. Сè додека ЕУ сама не се исчисти од фашистичките членки, од наци-фашизмот и не се престрои во ЕЗСД (Европска заедница на суверени држави), во неа нема место за суверена, слободна и слободарска Македонија.
246. Можеме напред независни, самобитни и достоинствени со помош и поддршка на пријатели од целиот свет.
247. Доаѓаат тешки времиња? А некогаш сме имале лесни?!
248. Ѓубре на сите страни од секакви ѓубриња, а најмногу политички кои владееле и владеат за политиканти.
249. Наци-фашизмот на соседите на Македонија се осилил како да е пред целта-да се збрише таа, сосе исконскиот македонски народ.
250. Македонија конечно мора да се соочи со реалноста дека нема добри соседи. Дорбососедството за нив е непознаница.
251. Немаш време за љубов?! Ти немаш време за живот!
252. Сплотени за споделување трајни цивилизациски вредности.
253. Борбата за власт е борба за моќ, употреба и злоупотреба на народни пари.
254. Се настрвиле на нас грабливи птици и диви ѕверки, а ние како овци за колење!
255. Наци-фашизмот во ЕУ е соголен и веќе не може да се „покрива“ со плаштот на неолиберализмот.
256. Ќе се најде ли некој македонски политичар да грмне: Македонија не во наци-фашистичка ЕУ!?
257. Што се чека?!
Македонија мора веднаш еднострано да ги раскине Преспанскиот договор со Грција и Договорот за (не)добрососедство со Бугарија. А на нивните потписници да им суди за велепредавство.
Затоа што со нив е извршен идентитетски геноцид врз македонскиот народ и доведен во опасност опстанокот на неговата држава.
258. Кога се крои, не смее да се стои настрана додека не се сошие. Кој стои и чека, тесно му се скројува.
259. Не очекувај ништо добро со оној и од оној што не признава дека постоиш од искони.
260. Народот се прашува кога не го прашуваат.
261. Допрва големи секирации на сите. А веќе ни е сè прекуглава.
262. Каков ли свет ќе им остане на младите?!
263. Јас не се прашувам, а кажувам и докаувам зашто не е време за молчење.
264. Љубовта не познава лицемерие.
265. Сонцето на слободата бара јунаштво.
266. Најбрза промена на состојба или процес се случува кога секнува изворот на пари.
267. Со годините и паметта? Подобро памет без оглед на годините.
268. Ништо не е исто денеска со она вчера. Зашто ништо вчера не чинеше.
269. Тој е еден и со него многумина.
Ете, таков ни треба на чело во борба против внатрешните и надворешните непријатели.
270. Со несреќни луѓе во беспатје.
271. Не му се одзивам на никој што ме вика како сака, а не како што се викам.
272. Со добрина за добро со добри.
273. Ти знаеш дека мислам на тебе кога ја мислам љубовта.
274. Ме сакаат и ме почитуваат луѓе што ги сакам и ги почитувам.
275. Ветрогоните ветар нека ги одвее.
ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXV