Думање на голем и мал човек, XXIII, 832-922

Потребно време за читање: 4 минути

832. Кој сум, што сум јас?
Јас сум обичен стар бел дедо-мислител и книжевник со автентична нескротлива творечка енергија.

833. Читам интензивно-секојдневно книжевни дела, но не пишувам критики и рецензии за нив. Тоа го сметам за бесполезно.

834. Нема исправање на криво насадени.

835. Се прават наудрени оти добро знаат дека двојазичноста е прв чекор кон федерација.

836. Глупави сте, па и смешни со вашите „загрозени“ малцински права, а всушност федералистички „чувства“.

837. Стар бел дедо, со грандиозно мислечко и книжевно творештво, единствено на светот-непризнаен гениј?! Нешто не е во ред!

838. Доволно сум стар, знам и сум преживеал за што-годе да ме изненади.

839. Најтешко е да се воспостави нов вредносен систем.

840. Најмногу ме смее фактот дека јас, единствена мислечка и творечка личност на светот, во Македонија не постојам, а уште сум жив.

841. Нешто се одболува, нешто се преболува, но најмногу од сè е неповратно и изгубено. Сосе годините.

842. Не само за себе и за никој друг. Макар уште за еден со тебе.

843. Не се бришат спомените. Сами бледнеат до заборав.

844. Сè повеќе зависи исклучиво од мене.

845. Што би било кога пак би било? Ништо, ама не е и не може да биде.

846. Жално е и болно да сведочиш за ближен што забрзано гасне пред скоро одење во неврат.

847. Ништо не знаеш за мене зашто не сакаш да знаеш.

848. Кавгата е за простаци и недоветни. Расправата е за интелектуалци.

849. Природно, нормално, човечки е човек во осма деценија живот да биде сè порамнодушен спрема сè.

850. Политичари и политиканти на власт за „успешни“ бизнисменски мафијаши.

851. Мафијашки политикант совреме бега или се сокрива за да не излезе пред лицето на правдата.

852. Барате мафијашки партии симнати од власт да бидат конструктивна опозиција?!

853. Милионите евра украдени од народот мора да се открие каде се и да му се вратат.

854. Изживувањето над учени е исто што и мафијашка зависност и уценување.

855. Страховладеачки партии всушност се и секогаш ќе бидат мафијашки дувла.

856. Повторувам,
Извршната власт мора да поведе жестока борба против политикантската, корумпирана и мафијашка судска власт.

857. Мафија:
Сојузени наречибизнисмени, криминални банди и корумпирани политиканти.

858. Губењето нерви е смртоносно за чесен човек во корумпирана и мафијашка држава.

859. Сал бедно живуркање на големи луѓе во држава во која страховладеат медиокритети.

860. До смрт чесен човек меѓу добро и зло.

861. Збори сам со себе оти нема кој да го слуша.

862. Залудноста најмногу иде од предоцна.

863. Боледува неизлечиво од преголем молк.

864. Онемена љубов на стари години.

865. Промислување на моментните нешта и пројави во државата не политички, туку експертски-предуслов за конструктивна опозиција.

866. Постојам, значи мислам, создавам и се докажувам со дела.

867. Не обвинувам никото за поразите во мојот живот, но имаше поразителни собитија во него кои не зависеа само од мене.

868. Не се забораваат добри дела на човек за човек.

869. На стари години снеможува снага забавено или забрзано, неминовно несопирливо.

870. Се радувам еднакво на мали и големи нешта во кои сум или се од мене.

871. До смрт ни миг бесцелен живот.

872. Сал личност за љубов, почит, доверба и внимание.

873. Неизмерно се радувам на силата, храброста и ведрината на духот со кои надвладеа болест опасна по живот.

874. Човекот е создаден за да создава секакви созданија со кои ќе ја докажува и брани својата постојаност.

875. Единствена радост на постоењето е полнотата на животот.

876. Се трошам за татковината и човештината.

877. Старост:
Од ден на ден и од ноќ во ноќ сè подлабоки воздиви и сè подолги издиви.

878. Поздрав:
До следно видување и бранување на чувствата.

879. Се сомневам дека некогаш јас и ти пак ќе се најдеме на полпат.

880. Во секојдневна трка со времето и секојдневно богатење на квалитетот на животот.

881. Љубов безгранична сосе сон и јава.

882. Времето не се враќа, но луѓето можат макар миг во време со спомени.

883. Се радувам дека некогаш бев со драги луѓе и жалам што сега не сум.

884. Во години на старост сè поретко утре е подобро од денес.

885. За најдолго паметење пресвртни моменти во животот.

886. Не си слушнал ништо за него од којзнае кога, но ти е во мислите.

887. Напредна држава само со функционални системи за секого и за сите.

888. Вистинската љубов е слободна, искрена и непорочна во живот до смрт.

889.-Како можат само вака?!
-Можат зашто не сакаат да знаат инаку.

890. Сè е полесно кога си со драга личност макар само во мислите.

891. Ќе те паметат како човек, ако си човек.

892. Живот заедно во спокој, ведрина, радост и доволност.

893. Те заборавил или не сака ни да помисли на тебе оној што никогаш не ти бил близок.

894. Духовно обединет македонски народ пред сè друго!

895. На политичарите им требаат мислечки и творечки личности, а политикантите најмногу се плашат од нив.

896. Мудроста и политиката ретко одат заедно.

897. Секогаш засекогаш:
Слободен ослободува.

898. Не може да знае како му е штом не знае што му е.

899. Не привилегии. Само права и обврски.

900. Нечист политикант во врвот на чиста политичка партија или чист во врвот на нечиста?!

901. Не власт, а народ го стега обрачот околу мафија властодржачка.

902. Се открива една, а по неа низа, а по неа недоброј валканици.

903. Ако е за ќе:
Ако скоро нешто пак морам за некако да можам-ќе морам.

904. Со мене луѓе со свои отворени кругови. И јас со нив со својот.

905. Најважно за успех на каков било бизнис кај нас: блиско-роднински врски.

906. Најефикасна борба против внатрешен непријател е економската-бојкотирај, блокирај.

907. Не се брани ни лична ни колективна слобода со секој своја борба.

908. Достоинствен, доблесен и чесен-човечиште.

909. Се радувам што те слушнав и те прочитав, љубов.

910. Кој како, јас уште некако до како било.

911. Боли и разболува вистина што се криела, па сама се открила.

912. Преполно ми е срцето со твојата личотија.

913. Доволно за моето постоење е што мислам, пеам, раскажувам, пишувам-создавам.

914. По многу години блиски, а многу далечни.

915. Животна врвица до последен врв: неизодена, едвај видлива, стрмна, кривулеста, трнлива, каменита.

916. Ќе ти кажам што ми е откога пак ќе застанам на свои нозе.

917. И сам и осамен-последен животен пораз.

918. Мерливо е сè материјално.

919. Творечки дух и тело, творечки дух по тело.

920. Со чист образ пред народ, со народ, за народ.

921. Неминовно!
Многу скоро сегашните СДСМ и ДУИ на буништето на историјата на Македонија.

922. Нужна е уште една жестока војна на македонската власт: против алчни и аздисани трговци.

ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXIII