ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXIII, 781-831

Потребно време за читање: 3 минути

781. Народна власт на сè реагира-одговара соодветно.
Што е соодветно на палењето државно знаме како најизразит непријателски чин?

782. За секој Албанец:
Ако знамето со црн орел е на сите Албанци, а не на Република Албанија, зошто тоа не е и на Албанците на Косово?

783. Зошто Албанија не реагира поради злоупотреба на нејзиното државно знаме во Македонија (дека има територијални претензии)?!

784. Поразија од самотија: празнотија, малодушност, рамнодушност и бесцелност.

785. За снеможен човек во години веќе неважно ни до кога ни уште колку.

786. Ако ништо не врееди, сè е ветер и магла.

787. Сè почесто мојот збор низ безмерна тишина.

788. Јас досега и којзнае до кога отсега.

789. Стар бел дедо-мислител и творец само за оние на кои нешто им значел и на кои им значи.

790. Живее љубов уште само во спомени.

791. Денес за утре:
Работиш за друг зашто не знаеш или не можеш да работиш за себе.

792. Сè единствено на светот, како што е моето грандиозно мислечко и книжевно творештво, има единствена вредност.

793. Бесценето, а неценето. Спроти него преценето.

794. Семејство на туѓа земја-слугинско и зависно.

795. Слободна, весела, радосна, распеана, надежна, создателна, безгрижна игра на дете.

796. Приучен, недоучен, недоветен, дилетант, политикант-уште и академик!

797. Немојте да се самозалажувате!
Се знае дека оние што расипале не умеат да поправаат.

798. Не си проблем што си партиец. Проблем си дека си член на ненародна, слугинска, криминална и корумпирана партија.

799. Многу е мачно да се бориш за живот живуркајќи.

800. Кој почитува, не заборава.

801. Докажувај се со дела. Не со празни зборови.

802. Ништо туѓо не може да биде твое за навек. Додека си жив и потоа.

803. За човек како човек е најдобро кога свеста е најблизу до совеста.

804. Не е можно да си заборавил нечија љубов, а да се сеќаваш на неа одвреме-навреме.

805. Важи за сè (и за членство во ЕУ):
Ако е тешко да влезеш, треба да е лесно да излезеш, да те избркаат или да те исклучат.

806. Дошле диви на огниште на питоми и го пеплосале.

807. Несомнено!
Зачленувањето на Западен Балкан „во пакет“ е најголема конкурентска опасност за Бугарија. Особено Македонија и Србија.

808. Се глупираат со зборови откако се изглупираа со недела.

809. Живи срамови со бесрамник на чело.

810. Мора да си му голем должник штом ти му се восхитуваш, а сите со тебе и околу тебе го исмејуваат.

811. Берете ум, безумни политиканти!

812. Како да биде во ред, ако редот не е в ред?

813. Жизнени зборови за жива љубов.

814. Сојузување со секој што ме признава и прифаќа како свој на свое.

815. Моето мислечко и книжевно творештво со свое и мое време. За нечие.

816. Единствена слобода:
На мислата, зборот, говорот, делото, движењето, напредувањето.

817. Процес:
Човекот е сè помалку социјално суштество, а сè повеќе единствена мислечка и творечка личност.

818. Непријателски, пакосно, злосторно, дури неприродно е малцинство да се однесува како мнозинство.

819. Докажан му се докажува на оној што не го признава или го негира.

820. Зошто главни и споредни ликови во дело со живот?! Или сите главни или сите споредни!

821. Си значел нешто некогаш, но веќе не? Само си се залажувал или си умислувал. Никогаш не си значел ништо.

822. Заиграла мечка на твојот праг, а ти не си дома. Или си избегал или си се сокрил.

823. „Нема ништо без пари“, вели еден без скршена пара в џеб.

824. Нем си пред љубов која не се искажува со зборови.

825. Сум издумал и обзнанил пред месеци и години многу нешта што (ни) се случуваат денес. Проверете со „враќање назад“ на FB, на Интернет.

826. Кога на партиски хохштаплери им гори под нозе, им чадат главите.

827. Ништо до вчера не може да биде исто денес. Особено кога денес е сè поблиску до утре.

828. Толеранцијата нема никаква врска со компромис меѓу јаки и слаби.

829. Застрашувањето е најчесто наспоредно со манипулацијата.

830. Пресечи за после да не ти биде жива мака сечењето.

831. Убавината во љубов е непореклива.

ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ .ЧОВЕК, XXIII