671. За да не се расправаме, треба да расправаме разумно.
672. Добро е-според годините. Не сè.
673. Секоја чест на исклучоците што ги знам.
674. Знам дека знаеше што требаше да знаеш за мене додека бевме заедно.
675. Против минливоста на животот со незаборав.
676. Му фалиш на оној со кого си имал заедничко време.
677. Стравично и трагично:
Повеќе се труеме помирливо, отколку што нè трујат злосторно.
678. Творци и дела за почит и признание. Никако не за омаловажување или понижување.
679. Што оти си жив ако си како мртов?
680. Безнадежен:
Ништо не ми значи и ништо не ме засега. Ни уште некое време.
681. Несогледливи последици при избор на предводник.
682. Договорена беганија. Не е од колебање.
683. Телото и духот на творецот никогаш не се во хармонија.
684. Ако му ја откриев нашата тајна врска, убеден сум дека немаше да ја разбере и ќе ти наштетеше некако.
685. Нацијата е вештачка и неодржлива неоколонијалистичка творба. Од памтивек постојат народи и малцинства.
686. И непризнаен и омаловажен и понижен и навреден. А свој, а единствен.
687. Творец на грандиозно мислечко и книжевно творештво радо би се преселил во земја што би му обезбедила пристојна старечка живеачка.
688. Ако не совреме, тогаш може и предоцна.
689. Живееш, работиш, дејствуваш, создаваш во град во кој се труеш и те трујат! Живееш?!
690. Сè издржува. Но, до кога?
691. Има јазли за кои не треба да се троши време за разврзување. Треба да се пресечат со еден удар на меч.
692. Ништо без мудрост и опитност кога мора инаку, зашто повеќе не можеме или не смееме вака.
693. Не преживува човек кому му останала само надежта дека ќе заживее.
694. Аргументот на силата најпосле нужно доживува пораз од силата на аргументот.
695. Политичар зависен од политиканти е платеник или покорен слуга.
696. Генијалноста е во недофатното, недостижното, во она што е на свој највисок врв.
697. Биди жива и здрава, љубов. Со мене или без мене.
698. Личен и заеднички напредок едновремено и наспоредно.
699. Потребите не толку според годините, колку како дел од квалитетот на животот.
700. Заедништвото се докажува со меѓусебна соработка, разбирање и спомагање во достигнување исти цели. Се разбира, чесност пред сè.
701. И приватноста е дел од јавниот живот и дејствување, со специфична тежина.
702. Радикалноста по дифолт е почеток на крај со нов почеток.
703. Победа по многу порази е најпрвин разбудена надеж.
704. Неретко во од мене напишано има повеќе за читање меѓу редови, одошто во нив.
705. Била една љубов само моја.
706. Љубовта и сексот неразделни? Зависи од љубовта.
707. Децении се немам сретнато, видено или слушнато со ниеден македонски творец. Зашто немало и нема потреба.
708. Јас немам ништо ни со некого ни од некого. Имам само грандиозно дело за секого.
709. Самосвесноста е несовладлива брана против недоветноста.
710. Разбуди се совреме за да имаш свое создателно време.
711. Не чита прост и неписмен.
712. Секоја награда или признание на творец докажува почит и благодарност.
713. Збор секогаш убав, топол, нежен, надежен: љубов.
714. Богат живот:
Малку твое, многу заедничко.
715. Стресен живот-неживот.
716. Исправи се и оди право по своја врвица кон врвови.
717. Доста ќе биде! Ај да е!
718. Паметиш нешто од мене? Фала ти.
719. Темелна подготовка да, но не одлагање на почеток.
720. Не чини власт која фаќа риба на јадица во матна река пред пресушување.
721. Кога сè тече, не значи дека сè се менува. Може сè да истекува.
722. Гледај и учи за да не бидеш слеп при очи.
723. Кога незнаењето обезвреднува, знаењето се обеснажува.
724. Лажеш зашто прикриваш, сокриваш и се плашиш од вистини.
725. Незаслужена награда за срамотење.
726. Љубовта не се заборава.
727. На власт знаење и искуство. За живот, создавање и градење.
728. Според моите знаења, искуства и критериуми, ниедно радио во македонскиот етер не е право радио.
729. Многу нешта остануваат од човек за човек.
730. Не признавам власт која не ја богати без престан полнотата на животот.
731. Јас не пишувам мислечки и книжевни дела за оној што не знае или не сака да чита.
732. И зборови и дела животворни.
733. Здраво за здраво.
734. Стварноста е каква што е, но не и луѓето во неа.
735. Мафијашки политиканти поддржуваат политички мафијаши зашто едните без другите не можат.
736. Најголем, најтежок и најпоследичен пораз на човек од љубов.
737. Кому јас му припаѓам како творец? На себеси и на мојот македонски народ. Сеедно признаен или не.
738. Во постојан животен и творечки ритам кој само години и болест можат да го променат.
739. Разболува и телесно и ментално празнотија во душа.
740. Само мислам, промислувам и домислувам, па обзнанувам или кажувам гласно. Сознаено, опитно, мудро.
741. Моите дела секогаш отворени за откривање, прочит, истражување, толкување, вреднување и ново читање.
742. Не губам надеж дека ќе те сретнам за последен пат.
743. Најбрзо и најлесно самоуништување на човек со незнаење и заглупување.
744. Промашен човек:
Врвен хирург кому повеќе му се исплати да се занимава со политикантство, па уште да биде и лидер на партија.
745. Политикантот е дунстер за политика. Таа му е единствена можност за личен напредок во гнила држава.
746. Ако се разбираме, ќе се разбереме. Ако не се разбираме, ќе се разделиме.
747. Биди со времето за да сметаат на тебе во вистинско време.
748. Секое прашање со многу одговори сè додека е.
749. Со здрав ум си, а сепак дозволуваш да ти го матат тапоумни.
750. Најтешко се губи доверба стекната со дело и делотворност.
751. Секогаш со тебе, незаборавна.
752. Најголем стрес за човек е состојба од момент кога не може да твори или дејствува, па можеби до смрт.
753. За политикантот на власт сеедно е дали знае или не знае.
754. Политиката е курва за курвински-продадени души.
755. Во љубовта секакви положби, расположби и нерасположби.
756. Мудроста поразува, но никогаш не војува.
757. Релации и соодноси:
Здраво општество-Напредна држава,
Квалитет на живот-Вредности,
Полнота на живот-Доволност.
758. Штом животот тргнал незапирно удолу, неминовно ќе запре во свое невреме.
759. Живот и здравје додека е живот.
760. -Продолжуваш непоколебливо да создаваш дела? И покрај сè?
-Се разбира. Зошто прашуваш?
761. Заедно-значи и за едно и за повеќе како едно.
762. Од семето на злото се раѓа злосторство.
763. Непријатели на бојно поле се гледаат преку нишан, крв и смрт.
764. Мирот меѓу закрвени е леб насушен.
765. Нема друго, освен со сила против сила што се сили.
766. Он е поголем од сите и затоа сите го величат.
767. Секој на свое, со свое и во свое.
768. Сите какви што се на виделина.
769. Секогаш уште малу ново време со стари.
770. Човек како човек отиде во неврат.
771. Него го премолчуваат зашто со дело и мисла ги замолчува.
772. Со мене си сегде, и кај што некогаш ќе бидам.
773. Глас и говор за слушање, збор и писмо за пишување, личотија за трепет на срцето и блажина во душата.
774. Гледај со отворени очи пред нештата да излезат на виделина. За да не те изненадат излезени.
775. Се докажуваш со она што го создаваш за себе и за други.
776. Сè е едноставно штом нема кој да комплицира.
777. Лесно чекориш напред кога секој чекор ти е промислен и предвидлив.
778. Се гордеам со сите мои дела мигум создадени и со свое време на создавање.
779. Не верувам дека некој помислува на мене без повод или причина.
780. Среќен е секој за кого се грижи некој ближен.
ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXIII