1. Жив, а мртов
Ти може да си жив, ама за мене си мртов!
2. Љубов
-Сакаш да си играме играчка?
-Сакам. А која?
-Јас те сакам тебе, ти ме сакаш мене.
-Важи.
3. Нееднакви
Ем не даваш ем ми бараш!
4. Сексуални пози
Таа:
-Јас на него, тој под мене.
Тој:
-Јас зад неа, таа пред мене.
5. Обусловено
Лаже тој што краде, зашто за да краде мора да лаже!
6. Висок ѕид
Висок ѕид меѓу соседи и за лошо и за добро.
7. Исти
Не сме исти, а ко да сме исти.
8. Важно
Мало дете:
Важно е да си на власт кога власта ти го крои животот, а ти не знаеш да шиеш.
9. Син на мама и тато
Јас, син на мама и тато, пораснав, созреав, научив што научив, изучив и проучив, па веќе не треба да ме водат низ животот. А ни јас да ги водам.
10. Признание
Конечно му оддадоа признание за саможртвувањето за нивно добро.
11. Почит
Двајца млади:
-Тој доживеа длаболка старост.
-Долго ќе ни недостасува.
12. Дете на мајка
„Таа знае од кого сум, но не сака да ми открие“.
13. Отуѓеност
Не сме блиски зашто нема што да нè зближи.
14. Господари и измеќари
Господарите си се на себеси господари, а измеќарите им се измеќари на сите.
15. Токмак
Токмак со глава камен пробува да искрши.
16. Почеток за крај
Секој почеток на сешто е за крај со нов почеток.
17. Мака
-Што ти е? Што ти стана?
-Гледај тебе да не ти е и варди се да не ти стане!
18. Вљубена, па одљубена
Една млада се вљубила во богат на умирање, па се одљубила штом тој умрел и неговото богатство го наследила.
19. Онадувањето
Онадувањето, а не знаењето кај нас отсекогаш било и е најважно за успешна лична кариера.
20. Натртени властодршци
Им се заарнило одзади, па не ни помислуваат на однапред.
21. Горнине и долнине
Во времево никакво горнине тешко да станат долни, а долнине навикнаа и им е сеедно што се долни.
22. Дибечка работа
Судејќи според суратите на дибециве, работата со ништењето на народов и државава е ептен сериозна!
23. Тато
-Тато, тато, зошто ти си ми како мајка, а мама ми е како татко?
24. Вештачка
Убава е, ама е вештачка. Да имаше барем едно нешто природно на неа.
25. Атрибути и аргументи
Жените на мажите им ги покажуваат своите атрибути, а мажите ним им се докажуваат со аргументи.
26. Разбирање
-Ние не се разбираме.
-Ама како не разбираш!?
27. Чудно
Меѓу политикантите има многу повеќе говеда од овци!
28. Сите исти
Тие досега и сега вака, тие сега и отсега исто така.
29. Секс во глава
Му удрил сексот во глава, па само што не му ја пукнал!
30. Глупавите на власт
Глупавите на власт се делат на нормално глупави и ненормално глупави. Најлесно се препознаваат според тоа што вторите одушевувачки ракоплескаат на секоја глупост на првите.
31. Бракот
Бракот е измислен за мажите и жените да бидат заедно и дење и ноќе.
32. Гнилиот Запад
Гнилиот Запад е толку гнил што не е ни за на буниште. Можен е спас од неговата гнилост само ако се закопа длабоко во земја.
33. Едни без други
Едни тргаат по свои патишта кон догледни цели, а други по туѓи кон бестрага.