87. Мудрост-Мудрец
О, Мудрост, ти што ја оставаш глупоста да живурка и не се обидуваш да ја замолчиш за сите времиња, туку само ја безнадуваш. Ја познаваш и ја препознаваш за никогаш предоцна да не ја дознаваш.
О, Мудрост, ти што му се радуваш на сушноста на сечиј живот оти знаеш колку вреди да бидеш она што си додека си. И го разбираш опстанокот во време што го запира, па го продолжува чекорот само кон догледна цел.
Македонски народни пословици и изреки
Не е мудар оној што навреме не умее да биде будала.
Волко е побудала од лисицата.
Биди мудар дури збориш, а уште помудар кога дела правиш.
Арно му је брадата бела, ами коа му је глаата дебела.
Глаата да му падни кога нема во неа семки.
Мудрецот уште одвечер знај каков ќе биде дено утрешен.
Во зла и во мрзелива душа мудроста не влегуа.
Пословици и изреки од народи во светот
Мудроста е стебло кое расте во срцето, а на јазикот донесува плодови. (Арапска)
Посетувај мудри луѓе: ако си глупав-тие ќе те поучат, ако си мудар-ќе станеш помудар. (Арапска)
Каде што треба да се всели мудроста, пет врати мораат да бидат отворени. (Германска)
Мудрост без практика е оган без топлина. (Данска)
Мудриот човек ги штеди времето и зборовите. (Француска)
Мудроста што ја преоѓа мерата е полоша од глупоста. (Монголска)
Ништо не е така изгубено како мудроста на сиромавиот. (Холандска)
Не е мудар оној кој многу знае, туку оној кој го знае она што му е потребно. (Полска)
На илјада глупави доаѓа еден мудар и стотина кои себеси се сметаат за мудри. (Грчка)
Од секој мудар човек има уште помудар. (Турска)
Будала е оној што не умее да ја сокрие својата мудрост. (Индиска)
Оној што себеси може да се препознае во сите форми, е вистински мудрец. (Кинеска)
Подобро е со мудар да се плаче, одошто со луд да се пее. (Српска)
Мудриот човек не зборува пред оној што е помудар од него; не дава брз одговор и не го прекинува соговорникот; прашува и одговара одредено; она што не му е јасно кажува дека не го разбира; добро ја познава вистината. (Еврејска)
Латински изреки
На мудриот доста. (Sapienti sat.)
Мудриот сè свое со себе носи. (Sapiens homo omnija sea secum portat.)
Мудар е оној што знае паметно да молчи. (Sapiens est qui tacere datur.)
Блажен живот се остварува со совршена мудрост. (Beata vita perfecta sapientia efficitur.)
Со мудар човек радо дискутираме. (Cum sapienti viro libenter diserimus.)
Домисла, гесло, мисла водилка
Мудроста е драгоцено наследство.
Библија
Каква е користа, браќа мои, од сокриена мудрост и од сокриено богатство?
Библија
Кој е мудар? Оној што учи од секој човек.
Талмуд
Мудрецот е поголем од владетелот зашто кога тој ќе умре нема кој да го замени.
Талмуд
Мудрите не велат дека се цврсти прангите направени од железо, дрво или коноп; многу се поцврсти прангите од страсти по злато и драгоцености, по синови-или по жени.
Дхама-падам
Човек чиј ум е непостојан и не ја познава патеката на вистината, човек чии вера и ум се постојано бранотиви никогаш нема да достигне целосна мудрост.
Дхама-падам
Вистински мудрец не жали ни за живи ни за мртви…На родениот смртта му е сигурна, на умрениот раѓањето извесно, па затоа никако не смееш да жалиш по неизвесни нешта…Оној човек што е подеднаков во задоволството и болката, е вистински мудрец, достоен за бесмртност.
Бхагавад гита
Човекот чии мотиви за работа се лишени од страст и себичност, просветените го нарекуваат мудрец.
Бхагавад гита
Уживањата настанати од надворешни впечатоци, бидејќи имаат свој почеток и крај, навистина се извори на болка; мудрецот во нив не ужива. Кога човек не чувствува привлечност за сетилни предмети и дела, кога отфрла секоја себична цел, тогаш за него се вели дека ја достигнал вистинската мудрост.
Бхагавад гита
Мудриот човек со сериозноста, добродетелството и чистотата на себеси си направил остров кој никаква поплава не може да го потопи.
Тибетански запис
Мирисот на цвеќето, сандалот и темјанот ветерот го разнесува во околината. Мудриот човек без ветер надалеку го разнесува мирисот на своите добродетелства.
Тибетански мислител
Мудроста почесто се изразува кога ќе се наведенеме одошто кога ќе се испрчиме.
Јогини
Рекле, издумале
Три патишта водат до мудроста: размислувањето-тоа е најблагородно; воспитанието-тоа е најлесно, и искуството-тоа е најнеугодно.
Конфучиј
Мудрецот она што го сака го бара во себе; незналецот го бара во други.
Конфучиј
Да се биде непризнаен, а поради тоа да не се биде жалосен, тоа го може само мудар човек.
Конфучиј
Сиромаштијата, староста и болеста, сите во исто време-само мудар човек може да ги поднесе.
Конфучиј
Сегде кај што бродови и коли стигнуваат, сегде кај што небескиот свод се пружа, сегде кај што Земјата суштества носи, сегде кај што Сонцето и Месечината ја растураат светлината своја, сè што има дух и живот-длабоко го почитува и го сака мудриот човек.
Конфучиј
Не е мудар оној што многу знае, туку оној чии знаења се корисни.
Есхил
Мудриот човек гледа онолку колку што сака, а не колку што може.
Мишел Ејкем д Монтењ
Не е мудар оној што може да го разликува доброто од злото, туку оној што знае да избере од две зла помало.
Амар Ибн Ал-Катаб
Мудар е оној што настојува да ги оправда недостатоците и грешките на други.
Амар Ибн Ал-Катаб
Победата над стравот е почеток на мудроста.
Бертранд Расел
Прва мудрост е: да се ослободиш од глупоста.
Хорациј
Единствено мудрецот е слободен.
Цицерон
Особина на мудрецот е во тоа да биде умерен и во она што им е на сите допуштено.
Јувенал
Мудрите ги кријат своите порази.
Еврипид
И молчењето на мудрецот значи некаков одговор.
Еврипид
Како што е патот на орелот во воздухот и на змијата на земјата невидлив, така е невидлив и патот на мудреците.
Буда
За мудриот човек ништо не е лошо. Секоја тешкотија во животот претставува еден чекор во развојот, под услов човекот да знае како да ја искористи.
Буда
Патењето донесува мудрост, а уживањето ја однесува.
Буда
На мудриот повеќе му користат непријателите одошто на глупавиот пријателите.
Балтазар и Моралес Грацијан
Правило на мудреците е да ги остават нештата пред тие да ги остават нив.
Балтазар и Моралес Гацијан
Мудроста е ќерка на искуството.
Леонардо да Винчи
Многу е полесно да се биде мудар за други, отколку за себе.
Франсоа Ла Рошфуко
Туѓите мудрости никогаш не нè опаметуваат.
Наполеон I Бонапарта
Оној што поседува знаење и мудрост, зборува само тогаш кога сите околу него молчат.
Мусариф-ал Дин Саади
Кој никогаш во животот не бил глупав, тој никогаш не бил ни мудар.
Хајнрих Хајне
Важно е да те прогласат за мудар; после можеш да правиш една глупост по друга.
Џонатан Свифт
Ја сакам мудроста повеќе одошто таа мене.
Лорд Џорџ Гордон Бајрон
Кажи ми, мудрецу, како си стрекнал толку знаење?
-Така што никогаш не сум се срамел да прашувам.
Јохан Готфрид Хердер
Мудроста е во тоа да се знае каква е задачата на животот и како да се исполни.
Лав Николаевич Толстој
Не мисли дека мудри можат да бидат само избрани луѓе. Мудроста им е потребна и достапна на сите луѓе.
Лав Николаевич Толстој
Кој еднаш станал мудар, повеќе не го прифаќа спротивниот правец.
Епикур
Да се обвинуваат други поради наши неволји е знак на незнаење; да се обвинуваш себеси е почеток на сфаќање; да не се обвинуваш ни себеси, ниту да обвинуваш други е знак на мудрост.
Епикур
Мудроста на лисицата често се преценува, зашто во заслуга ѝ се припишува и глупоста на кокошките.
Ханс Каспер
Бидете мудри како змии и простодушни како гулаби.
Исус Христос
Голема мудрост е и совршенство ништо до себе да не држиш, а за други секогаш да зборуваш добро и да мислиш благородно.
Томас а Кемпис
Мудриот лудиот мора да го поднесе.
Марин Држиќ
Не е мудар оној што го познава светот, туку оној што таков може да поднесува.
Фузули
Мудроста не е ништо друго, освен наука за среќата.
Дени Дидро
Кажи мудрост: ако си ми сестра и пријателка, викај ја разборитоста.
Соломон
Секој може да има глупави мисли, но мудрецот ги премолчува.
Вилхелм Буш
На човекот најкорисна му е оваа мудрост: да погоди што други мислат за него.
Лорд Џорџ Сарли Халифакс
Мудрецот е лесно да се препознае: ниту покуди го лутат, ниту пофалби го понесуваат.
Платон
Мудро е да се ужива во она што мора да се прави.
Перл Бак
Мудриот човек ниту го проколнува небото, ниту се жали на луѓето.
Менг-це
Нашата мудрост е изложена на играта на судбината исто толку, колку што и нашиот имот.
Франсоа Ла Рошфуко
Неволја на човештвото е што мудрите луѓе се обично плашливи, глупавите храбри, а надарените нестрпливи. Идеал е: храбар мудар човек со потребна трпеливост.
Труман Капот
Мудроста е во тоа човек да сфати дека е дел од светот, а не негов непријател.
Роберт М. Пирсиг
О мудар човеку, знај дека на човекот му е потребна слобода од страстите и моќта на разликување, како што на птицата ѝ се потребни крилја. Без нив човек никогаш нема да го достигне највисокиот грозд од кој течат нектар и слобода.
Ади Шанкарачарја