ДУМА, ОПИТ, УКА 73

Потребно време за читање: 7 минути

73. Богатство-Благосостојба

Македонски народни пословици и изреки

Појди кај сиромав, подари го, а кај богат-поразвесели го.

Поарно чесна сиромашија одошто бесчесно богаство.

Алиштата го покажуаат чоека за богат и сиромав.

Гледај да имаш пари, да ако даваш по сиромаси.

Здравјето е за чоеко најголемо богатство.

Пословици и изреки од народи во светот

Краток е патот до благосостојбата, само е премногу опасен. (Авганистанска)

Богат е кој не е должен; млад е кој е здрав. (Руска)

Богатството е грев од Бога, сиромаштијата грев од луѓе. (Руска)

Богаташот во тепачка настојува да го сочува лицето, а сиромавиот капутот. (Руска)

Кога во себе имаш големо богатство и ќе се обидеш на други да им кажуваш за него, луѓето ретко ти веруваат. (Арапска)

Наследеното богатство брзо се растура. (Турска)

Кога богаташите би можеле да имаат луѓе што ќе умрат наместо нив, сиромасите би можеле да живеат одлично. (Еврејска)

Лесно е да се биде богат, тешко е да се биде среќен. (Романска)

Во сонот сите сме еднакво богати. (Унгарска)

Латински изреки

Секој богат е или неправеден или наследник на неправеден (човек). (Omnis dives aut iniquus est aut heres iniqui.)

Кој е сиромав?-Скржавецот. Кој е богат?-Оној што ништо не сака.

Оној што се обогатил за една година, требало да се обеси пред дванаесет месеци.

Не е среќен оној кој го има тоа што го сака, туку оној што не го сака тоа што го нема.

Домисла, гесло, мисла водилка

Како што тешката облека пречи при движење на телото, така и богатството пречи при движење на душата.
Индиски мислител

И уште ви велам: полесно ѝ е на камила да помине низ иглени уши, отколку на богат да влезе во царството божјо.
Библија

Во еден момент во животот имав сè-милиони долари, вили, автомобили, убава облека, убави жени и која било друга материјална работа која можете да ја замислите. Сега се борам да имам свој мир.
Анонимус

Рекле, издумале

Единствена разлика меѓу богаташот и сиромавиот е во тоа што сиромавиот се надева на следен оброк, додека богаташот е преокупиран со претходниот.
Демокрит

Во животот постојат две големи богатства: здраво тело и здрав разум.
Менандер

Богатството и сиромаштијата имаат заедничко проклетство човекот да го направат роб.
Герхард Граф

Мудроста вреди повеќе од секое богатство.
Софокле

Богатството е како морска вода: колку повеќе ја пиеш, сè повеќе си жеден.
Артур Шопенхауер

Луѓето илјада пати повеќе се трудат да стекнат материјално одошто духовно богатство, иако е сосема сигурно дека нашата среќа го создава она што сме, а не она што го имаме.
Артур Шопенхауер

Богатството е благослов на мудриот, а проклетство на лудиот.
Минг-Син-Пао

Има луѓе кои од своето богатство немаат ништо друго, освен страв да не го изгубат.
Антоан Ривароли, ди л конт д Риварол

Богаташите имаат многу поголеми маки отколку сиромасите, зашто постојано стравуваат да не осиромашат; додека сиромасите не патат од страв дека ќе се обогатат.
Жак Тати

Богаташот се чувствува како дома и во туѓина, а сиромавиот е туѓинец и во својата куќа.
Фридрих Рикерт

Богаташот и во туѓина се чувствува како дома, а сиромавиот е странец и во својата куќа.
Франсоа Моријак

Богатството помалку ги расипува луѓето, отколку трката по богатство.
Џорџ Сантајана

Богатството донесува чест и пријателства. Сиромавиот насекаде страда.
Публиј Насо Овидиј

Најголемо богатство има оној што не сака никакво.
Луциј Анеј Сенека

Богатството треба да се искористи, а не да се злоупотреби.
Луциј Анеј Сенека

За човек да се запознае со поширокото семејство, доволно е да се обогати.
Луциј Анеј Сенека

Ако сакаш да бидеш среќен, презри го богатството.
Катон

Има многу патишта човек да се обогати и тие повеќе се грди.
Френсис Бекон

Богатиот човек умира срамно.
Ендрју Карнеџи

По плимата на богатењето, доаѓа осеката на моралот.
Влада Булатовиќ-ВИБ

Богатството нема граници. Имено, кога е преголемо оди преку граница.
Влада Булатовиќ-ВИБ

Добродетелта на некои богаташи е во тоа што нè учи дека богатството треба да се презира.
Калил Џибран

Луѓето кои поседуваат само надворешни добра, стануват горделиви и безобѕирни. Не е лесно без целосна морална изграденост да се поднесуваат надворешни дарови на среќа, разумно и урамнотежено.
Аристотел

Богатството го стврднува срцето побрзо одошто врела вода јајцата.
Бен Бенџамин Џонсон

Нема и не може да биде праведно богатството.
Антон Павлович Чехов

Луѓето од повисоката класа затврднале на потребите и неволите на човештвото, како и лекарите на болките на своите пациенти.
Филип Станоп Честерфилд

Бог слабо се грижи за богатството кога допушпта `рѓи и глупаци да стануваат богати.
Фридрих Шилер

Каде што богатството се држи на цена, тука се евтини честа, верноста, срамот, чесноста, искреноста и чедноста.
Гај Криспи Салустиј

Вистинска лудост е да се живее во немаштија за да може да се умре богат.
Јувенал

Богатството на човекот се мери со она за што не копнее.
Махатма Ганди

Богатите треба да се научат на доктрината на создавање за други, а сиромашните на доктрината на самопомош.
Махатма Ганди

Здравјето е вистинско богатство, а не парчињата злато и сребро.
Махатма Ганди

Богатите за себе оставаат прекумерни резерви на нешта кои не им се потребни, додека милиони живеат на раб на глад. Ако секој би го ограничил својот посед само на она што му е навистина потребно, никој не би морал да живее во беда и сите би биле задоволни.
Махатма Ганди

Богаташите се џган земја во секоја држава.
Голберт Кејт Честертон

Богатството во благонаклонетост е богатство над богатството; богатството во скапоцено благо се наоѓа и кај никаквец.
Курал (450-500), збирка мисловни песни на дравидскиот поет Тирувалувар

Богатството му е пат на човекот да дојде до слобода.
Јован Дучиќ

Единствено природата го излева своето богатство врз сиромашните.
Др Иван Ѓаја

Доволно е богат оној што не мора ни да лаже ни да ласка.
Михал Фулиер

Богати во иднина ќе бидат само оние со знаење.
Винстон Черчил

Да си богат или сиромав, да те фалат или да ти се потсмеваат, да си од благороден или скромен род, ништо од тоа не е важно ако си одлучил да го минеш овој пат исчекувајќи го со радосна надеж доаѓањето на нашиот спасител Исус Христос.
Францис Ксавие Нгуен Ван Туан

Благословени се оние што ништо не очекуваат, зашто никогаш нема да бидат разочарани.
Александер Поуп

Добар сосед е непроценливо богатство.
Сјао Хе

Ако си сиромав, грижи се за себе; кога ќе се збогатиш, погрижи се за други.
Сјао Хе

Богаташот прави планови за утре, сиромавиот за денес.
Сјао Хе

Богатите се плашат од неволја.
Сјао Хе

Менувам идна благосостојба за некогашна надеж.
Момо Капор

Раката која дава, секогаш е над онаа која прима.
Дени Дидро

Има луѓе кои од своето богатство немаат ништо, освен страв да не го изгубат.
Дени Дидро

Богатството не се мери со материјалната вредност која човекот ја поседува, туку со честа која ја стекнал.
Епикур

Не е во нас погрдно да бидеме сиромашни, туку да не се воздигнеме со својата работа.
Перикле

Сиромашните посакуваат богатство, богатите рај, а мудрите мир.
Свами Рама

Да се биде задоволен со тоа што се има е најголемо и најсигурно богатство.
 Цицерон

Љубовта на семејството и восхитот на пријателите се многу поважни од богатството и привилегијата.
Чарлс Курлат

Не е богат оној кој има многу, туку оној кој многу дава.
Ерих Фром

Болеста е судбина на сиромасите, но и казна на богаташите.
Иво Андриќ

Богат те прави не богатството, туку радоста.
Фил Босманс

-Леб! Зарем е тоа доста, глупаци?…Тој го јаде, а сепак исто така гине во маки. Разурнато неговото семејство, сиот негов болен живот му паѓа на гради и го дави на смрт. Не е ли сета среќа ако имаш леб. Кој бил тој глупак што делењето на богатството го нарекол среќа на овој свет? Тие мечтатели, револуционери, можат додуша да го урнат денешниот поредок и да создадат друг, но ако на секој му отсечат парче леб, нема ни една радост да му се додаде на човештвото и ниедна мака нема да му се симне. Дури и би ја прошириле несреќата на земјата, па еден ден би залелекале од очајување и најлошите јадници, придвижени од мирно задоволство на свои инстинкти, да бидат кренати кон незаситните маки на страстите. Не, единствено добро ти е да не бидеш или, ако те има да бидеш дно, камен, уште помалку, песочно зрно кое може да им крвави на минувачите под петата.
Емил Зола

Ах, најсилно искушение е бедата, и најмудрите риби гладта ги тера на јадица.
Јохан Волфганг Гете

Ако можеме да се одрекнеме од нешто, тоа е наше богатство.
Хенри Вард Бичер

Богатството не е крај на животот, но е инструмент на животот.
Хенри Вард Бичер

Без оглед што да ти се случи во животот, биди добар спрема други. Да бидеш добар спрема луѓето е богатство што го оставаш зад себе.
Тејлор Свифт

Бог не го гледа вашиот изглед, ниту вашите имоти и богатство, туку ги гледа вашите срца и вашите дела.
Мухамед

Гледајте го оној што е посиромашен од вас, а не оној што е од вас поимашен. Тоа ќе ви биде подобро за да не го омаловажувате Бог кој ви подарил благодати.
Мухамед

Богат е кој не копнее по богатство.
Пјер Абелар

Богати се оние што немаат желби, а просјаци се оние што постојано сакаат да имаат што повеќе.
Диоген

Богатиот идиот сите го нарекуваат богаташ, а сиромашниот идиот секогаш идиот.
Тин Ујевиќ

Богатството на човекот или му служи или му е господар.
Квинтиј Хорациј Флациј

Колку што имаш, толку вредиш.
Квинтиј Хораци Флациј

Со богатството растат и проблемите и желбите да се има повеќе.
Квинтиј Хорациј Флациј

Подобра е сигурност во сиромаштија, одошто грижа околу богатство.
Јулиј Федар

Човекот станува мудар баш како што станува и богат-повеќе чувајќи го она што го има, одошто со добивање од други.
Вилбур Врајт

Да беше молчењето злато, јас би бил богат.
Јура Стублиќ

Дека љубовта не може да се купи со пари, можете да се уверите дури кога ќе станете богати!
Џек Николсон

Ќе добиете повеќе мед ако сте благи спрема пчелите.
Кетрин Зета Џонс

Формалното образование ќе ви овозможи нормален живот. Самостојното образование ќе ви донесе богатство.
Џим Рон

Единствено богатство е животот.
Хенри Дејвид Торо

Уште не се нашол никој кому му е доста она што го има.
Пјер Абелар

Кога е изгубено богатство, ништо не е изгубено; кога е изгубено здравје, некој изгубил; кога лик изгубил, сè е изгубено.
Били Грахам

Како млад навистина сакав да бидам богат.
Роберт Киосаки

Крадам од сиромашни за да им дадам на богати!
Макс Бункер

Мрзеливата рака осиромашува, а работливата обогатува.
Саломон

Многу, тоа е секој ден по малку.
Душко Радовиќ

Најголема трагедија на сиромасите е во тоа што немаат ништо друго освен одрекнување. Убавите гревови, како сите убави нешта, се повластица на богатите.
Оскар Фингал Вајлд

Најголемото добро што можете да им го сторите на други не е во тоа своето богатство да го поделите со нив, туку да им помогнете да откријат свое.
Зиг Зиглар

За жал, постојат добродетелства кои можат да ги покажуваат само богаташите.
Антони де Риварол

Не давам какви било дарови за богати.
Николас Саркози

Не се продава инспирација, но ракопис може да се продаде.
Александар Сергеевич Пушкин

Нема богатство како што е образованието и нема сиромаштија како што е незнаењето.
Ал Ибн Аби Талиб

Нема пријателство без задоволство и заработувачка.
Александр Палаелогу

Никому не му е срамота да ја признава сиромаштијата, туку е посрамотно да не се избегнува со работа.
Фридрих Вилхелм Ниче

Парите се подобри од сиромаштијата. Ако поради ништо друго, тогаш поради финансиски причини.
Вуди Ален

Одличен уметник е највредното богатство на нацијата.
Лудвиг Ван Бетовен

Оној што има трпение може да има што сака.
Бенџамин Франклин

Оние што трпат глад радо им ја препуштаат војната на богатите, на кои таа им станала обичен спорт.
Френк Херберт

Работата е изворна цена, таа е прво купување и плаќа сè останато. Ни златото ни среброто не е на почетокот, туку работата што го создало сето богатство на светот.
Адам Смит

Религијата е она што ги спречува сиромашните да ги убијат богатите.
Наполеон I Бонапарта

Не треба да се срамиме од сиромаштија. Има многу повеќе луѓе кои би морале да се срамат од своето богатство.
Јохан Нестрој

Колку човек има побогата фантазија, толку се чувствува посиромашен.
Станислав Јержи Лец

Кој е задоволен со ништо, има сè што му треба.
Никола Боало

Уживањето во богатството не лежи во обично поседување или раскошно трошење, туку во мудра промена.
Мигел де Сервантес Сааведра

Големината на човекот не се огледа во неговото богатство, туку во неговиот интегритет и способноста на луѓето околу себе да влијае позитивно.
Боб Марли

Збирка анегдоти, мисли и афоризми за светски човек е најголемо богатство, ако знае во вистинско време и на вистинско место да ги уфрли во разговор и ако во тој момент му паднат на памет.
Кристофер Еклстон

Животот ни станува тежок кога живееме поради други, но во исто време станува побогат и посреќен.
Алберт Швајцер

Leave the first comment