58. Ѓавол-Демон-Сатана
Ни со еден, а камо ли со многу ѓаволи. Еден цел живот те следи во чекор и чека да те начека, да те обземе, да те зароби, а многу те напаѓаат за без престан да го урнат или разурнат човечкото во тебе. Ангелот во тебе, пак, не се бори против ѓаволот или ѓаволите, но те штити од ѓаволштини и те осилува да се бориш за луѓето да бидат и останат луѓе.
Македонски народни пословици и изреки
Аџија лаж-ѓаол со опашка.
Бегат како ѓаол од темјан.
Биди му на ѓаолот другар, ако сакаш да те турни в бунар.
Го ватил ѓаолот за врат, та го зауздал пијаниот.
Гони го ѓаолот, ама не барај му трагот.
Ѓаолот и во чоек се препраат коа да сакат.
Ѓаолот ни орат ни копат, само ѝ учи луѓето да се неќат.
Ѓаолот од темјан бегат, затоа в црква кадат.
Еден чоек што не оди по Бога, тој ќе оди по ѓаола.
Кога нема ѓаолот работа, си `и тепат децата.
Кој оди по ѓаола, ќе му ја работи работата негоа.
Лошио чоек и од ѓаолот не се страшит.
Лутината е на ѓаола молитва.
Моли се понекоаш и на ѓаоло како на ангело, за да не ти напраи лошо.
Му влезе ѓаолот во срцето и го однесе на бесење.
На ѓаоло удри му чадо од темјанот.
На лошио добрина кој праит, на ѓаолот кандило му палит.
Пази Боже од крстен ѓаол.
Пали му свеќа и на ѓаолот да не ти праит пакос.
Пред тебе ти се препраат светец, а зад тебе ѓаол ет.
Самите пијаници знаат оти од ѓаолот сет зауздани.
Си искина ѓаолот опинците, затоа го предаде.
Со ѓаоло род не праи се.
Трагата на ѓаолот никој не можит да му ја видит, и пак мнозина по неа одат.
Чоек чоеку е ангел и ѓаол.
Колку што сака, толку ѓаоло очи да има.
Дури да го поминиш мосто, и ѓаоло стори го ортак.
Ѓаоло му је род; ѓаоло зер го бараше. (Од што је злоблив, на ѓаол прилегат)
Ѓаол, ѓаол, триста ѓаоли наедно.
И ѓаоло не му ји знаи негоите итроштиње. (Ѓаолштињето негои крај немаат.)
Арам пари спечалени-ѓаоло ќе ѝ однеси.
Кој не го припознаа доброто, тој му је род на ѓаоло.
Кој му праи на ѓаоло добрина тој му се праи роднина.
Поарно да речиш јагне ошто да речиш ѓаоле.
Лош збор не вади од устата за да не те чуе ѓаоло и да те пиши во тевтеро.
Пословици и изреки од народи на светот
Ветрот што донесува, ѓаволот однесува. (Грчка)
Ветрот што ќе донесе, ѓаволот ќе однесе. (Грчка)
Она што го знае Алах, на тоа ѓаволот се досетуа. (Калмичка)
Ѓаволот помалку се меша во нашите работи одошто луѓето. (Шпанска)
Ако го нема ѓаволот, којзнае што би работел Бог. (Ромска)
Кажи ја вистината и посрамоти го ѓаволот. (Руска)
Подобар е проверен ѓавол одошто непроверен ангел. (Ерменска)
Зборувај за ѓаволот и ќе се појават неговите рогови. (Српска)
Ѓаволот ни ора ни копа, туку за зло смислува. (Српска)
Добро е понекогаш и на ѓаволот да му се запали свеќа. (Српска)
Ѓаволовите чизми не чкрипат. (Шкотска)
Ако ѝ кажете на некоја жена само еднаш дека е убава, ѓаволот тоа ќе ѝ го повторува десет пати на ден. (Француска)
Домисла, гесло, мисла водилка
Ѓаволите не е толку црни како што не се ни ангелите сосем бели.
„Непшабадсаг“
Рекле, издумале
Секој ден ѓавол преправен во прогрес по малку ја уништува нашата душа.
Жан Кокто
И ѓавол може да го цитира Светото писмо за свои потреби.
Вилјем Шекспир
Во пеколот ѓаволот е позитивна личност.
Станислав Јержи Лец
И ангелите имаат свои сатани и сатаните имаат свои ангели.
Станислав Јержи Лец
Сатаните се делат на паднати ангели и на напредни луѓе.
Станислав Једржи Лец
Мошне лесно е да се поколеба верата на човекот во самиот себе. Да се искористи дама со скршена душа е ѓаволско дело.
Џорџ Бернард Шо
Да не зборуваме лошо за ѓаволот. Тој е можеби пратеник на милиот Бог.
Салвадор Дали
Има повеќе од еден начин на жртвување на паднат ангел.
Свети Августин
Нема благороден и возвишен живот без знаење за ѓаволите и демоните и без непрестана борба против нив.
Херман Хесе
Најголемата сила на демонот е тоа што никогаш не е онаков каков што го замислуваме.
Ана Лембке
Најголемото ѓаволово лукацвство е во тоа што нè убедува дека не постои.
Шарл Бодлер
Стравот од ѓаволот е еден од облиците на вера во бога.
Калил Џибран
Најдобар начин да го истераме ѓаволот е да го исмееме.
Мартин Лутер
Фајаќи ги луѓето на своја јадица, ѓаволот на неа натакнува разни мамци, но за неработниот човек не треба никаков мамец-тој брза да се фати на гола јадица.
Лав Толстој