108. Јас-Личност-Постојаност-Самодоверба-Углед
Колку е важно Јас, а колку Ние? Дали е поважно Јас од Ние или, пак, Ние од Јас? Одамна се знае, одамна е одговорено? Како?
Многу е важно Јас, а многу и Ние! Еднакво важни се и Јас и Ние! Ама сепак…
А дали прво Јас, па Ние или Ние, па Јас? Зависи? Од што? Од Јас? од Ние?
Ама сепак…Jас сум Јас, а Ние сме многу Јас!
Македонски народни пословици и изреки
Ако сакаш некого да го познајш, требит едно врешче сољ да изејш со него.
Не гледај му лицето, туку срцето.
Сите луѓе едно не сет и едно лице немаат.
Човекот и магарето се попаметни од сам човек.
Ако го менал рувото, ама табиетот не.
Сите луѓе сет луѓе, ама поразумните сет полуѓе.
На лице светица, а на срце цела курва.
Ако ти е криво лицето, не љути му се на огљалото.
Она што не го сакаш за себе не го мисли на друг.
Пословици и изреки од народи на светот
Оние што се сакаат себеси често на други не им се допаѓаат. (Арапска)
Ако зборуваш, нека твоите зборови бидат повредни од твоето молчење. (Арапска)
Оние што во животот не наишле на тешкотии никогаш нема да станат вистински личности. (Африканска)
Нема глув човек кој не сака да слуша. (Африканска)
Тигарот ја штити својата кожа, човекот-името. (Јапонска)
Човекот живее век, а сеќавањето на него со векови. (Јапонска)
Лице кое лесно станува нервозно не е во право. (Индиска)
За подобро да го слушнете надворешниот свет, внимателно слушајте ги внатрешните гласови. (Квекерска)
Валканицата од лицето може да се испере, валканицата од душата не може. (Тибетанска)
Ако друг почитуваш, за себе не грижи се. (Српска)
Реката се препознава со пливање, а човекот со разговор. (Корејска)
Не лице кое живее за себе, туку она што кове среќа на луѓе. (Руска)
Секое лице е мистерија (Руска)
Човекот не е роден за себе. (Руска)
Загрижува сребрена брада. (Виетнамска)
Го гледа својот сосед со сите очи, а себеси со спуштени капаци. (Виетнамска)
Пријателското семејство ќе ја претвори земјата во злато. (Кинеска)
Секој важи во светот онолку колку што уважувања е кадарен да си прибави на себеси. (Кинеска)
Срдит човек отвора уста, а затвора очи. (Англиска)
Латински изреки
Јас сум кој сум. (Ego sum, qui sum.)
Никој не знае толку лошо за нас како ние самите, и никој покрај тоа не мисли така добро за нас како ние самите.
Пред да обвиниш друг, погледни го добро сопствениот живот.
Домисла, гесло, мисла водилка
Ако знаеш дека Јас му е на човекот сè, не му задавај никаков бол.
Староиндиски запис
Кој е ценет? Оној што ги цени сите суштества.
Талмуд
Како што златарот зема стар златен предмет и го претопува во понов и со поубав облик, така и Вистинското Јас, напуштајќи го телото во бесвест, презема нов и подобар облик.
Упанишади
Ако сакаш да стекнеш спознание на сеопфатно суштество, пред сè треба да се спознаеш самиот себе. А за да се спознаеш самиот себе, треба да му го жртвуваш своето Јас на вселенското Јас.
Упанипшади
Како што за`рѓосано парче метал по полирање заблескува сјајно, така престојувачот во телото со спознавање на вистината на Вистинското Јас ги отстранува болката и жалоста своја и бидува со блаженство осветлен.
Упанишади
Вистинското Јас, кое е ослободено од нечистотија, старост и смрт, тага и болка, глад и жед, кое нема желби освен оние што треба да ги пожели и кое не одлучува ништо освен она што треба да го одлучи, тоа треба да се открие. Пред оној што сознава за Себе и го спознава лежат сите светови и исполнување на сите желби.
Упанишади
Стани! Воздигни се низ своето Вистинско Јас; скроти се себеси низ своето Вистинско Јас. Секогаш претпазлив, заштитен со своето Вистинско Јас, ќе живееш во најголема радост. Зашто твоето Вистинско Јас е твој господар, зашто твоето Вистинско Јас е твое прибежиште.
Дама-падам
Отпечатоците што му ги остава човек на човек се вечни.
Анонимус
Рекле, издумале
Постојат луѓе кои ќе ви го извадат срцето и постојат луѓе кои ќе го вратат на место.
Елизабет Давид
Секој човек треба да се одгледува самиот себеси до последен здив.
Масимо Д`Азеглио
Знаењето за светот ни помага да успееме. Знаењето за себе ни помага да се развиваме.
Дан Милман
Како гледаш, таков си.
Вилијам Блејк
Што сум ако се споредам со вселената?
Лудвиг Ван Бетовен
Се лаже оној што мисли дека може да се одрекне од целиот свет. Оној, пак, што мисли дека светот не може без него се лаже уште повеќе.
Франсоа Ла Рошфуко
Луѓето не можеме на ништо да ги поучиме; можеме само да им помогнеме тоа да го откријат во себе.
Галилео Галилеј
Полесно е да се променат својствата на плутониумот одошто зла човечка природа.
Алберт Ајнштајн
Целта на школата секогаш треба да биде воспитување на хармонична личност, а не специјалист.
Алберт Ајнштајн
Зборовите биле и останале празен звук; и служејќи му на идеалот само на зборови невозможно е да се умре за него. Но, личноста не се создава со она што лицето слуша и говори, туку со работа и активности.
Алберт Ајнштајн
Не се лоши времињата, туку луѓето.
Чарлс Дарвин
Човечкото срце има незгодна навика со судбина да го нарекува само она што го мачи.
Албер Ками
Да се стане човек е поубаво одошто да се стане крал.
Антун Густав Матош
Ветриштата и брановите секогаш се на страната на најспособните морепловци.
Едвард Гибон
Колку човек ќе се замисли подлабоко, на самиот себеси се чини побезвреден. Тоа е првата лекција на мудроста. Да бидеме смирени за да можеме да бидеме мудри. Ако ги знаеме своите слабости, тоа ќе ни даде сила.
Тејтум Ченинг
Оние што веруваат дека можат се во право, како и оне што веруваат дека не можат.
Хенри Форд
Човеку, загледај се прво во самиот себе. Во потрагата по каменот на мудреците не мораш да патуваш во странски земји.
Ангелус Силезиус
Верувајте си на себеси, Наједноставните прашања се наедно и најтешки:
Кој сум јас? Кај ми е домот? Каде одам? Што правам? Размисли за тоа понекогаш и гледај како одговорите се менуваат.
Ричард Бах
Сакаш ли да бидеш мудар, научи разумно да прашуваш, внимателно да слушаш, мирно да одговараш-и престани да зборуваш кога веќе ништо немаш да кажеш.
Јохан Каспар Лаватер
Не можеш да го надминеш она што не го познаваш. За да запознаеш што е надвор од тебе самиот, мораш самиот себеси да се познаваш.
Сри Нисаргадата Махарај
Не значи дека песот е добар ако гласно лае. Исто така, не значи дека човек е добар ако е вешт со зборови.
Чуанг Це
Ако можеш да видиш уништено дело на својот живот
И без ниеден збор да почнеш одново да го градиш;
Ако можеш воздив да поднесеш загуба
На она што долго си го стекнувал;
Ако можеш да бидеш вљубен,
но не и луд од љубов;
Ако можеш да останеш јак,
А сепак да останеш нежен;
Да не ги мразиш оние што тебе те мразат,
А сепак да се бориш да се браниш;
Ако можеш да слушаш како твоите зборови ги извртуваат злобници
За да ги раздразнат непромислените,
И да слушнеш како злобни усти за тебе лажат,
А самиот да не кажеш ниедна лага,
Ако можеш да ги сочуваш достоинството и честа;
Ако можеш да бидеш скромен, дури и ако си советник на кралеви;
Ако можеш да ги сакаш своите непријатели како браќа,
А ниеден да не ти биде сè и сешто;
Ако знаеш да откриваш, да посматраш и да размислуваш,
Но да не бидеш скептик и рушител;
Ако знаеш да сонуваш,
Но сонот да не ти е господар,
Да мечтаеш, а да не бидеш само мечтател;
Ако можеш да бидеш цврст,
Но не и нечувствителен;
Ако можеш да бидеш добар и паметен,
А да не си чистотник и ситничар;
Ако можеш да запознаеш и победи и порази,
И тие две измами да ги примиш подеднакво;
Ако можеш да сочуваш храброст и глава
И тогаш кога сите останати ќе ја изгубат;
Тогаш среќата и победата ќе бидат твои послушни робови,
И она што вреди уште повеќе од слава,
Ќе бидеш човек, синко мој.
Радјард Киплинг
Личност-божество на човекот.
Хераклит од Ефез
Нашата личност е градина, а нашата волја нејзин градинар.
Вилјем Шекспир
Може да се научи човек на нешто само кога е личност на ученик на светот.
Џерџ Бернард Шо
Сочувајте ги своите парички, а фунтите ќе се спасат самите себеси-оваа пословица важи за формирање на личноста колку и за акумулацијата на капиталот.
Џорџ Бернард Шо
Човек не се одликува само со она што го работи, туку и според тоа како тоа го работи.
Фридрих Енгелс
Извонредните личности му прават чест на човечкиот ум, но не ги одредуваат правилата на неговото постоење.
Франсоа Рене д Шатобријан
Многу личности имаат, како необработени дијаманти, брилјантни квалитети сокриени под груба надворешност.
Децимус Јуниус Јувенал
Од боговите потекнува изреката „Запознај се самиот себеси“.
Децимус Јуниус Јувенал
Личност-стварен, постоечки, конкретен дел на менталниот живот кој постои во строго индивидуални и индивидуални форми.
Гордон Алпорт
По дефиниција, духовното е слобода во човекот. Духовната личност е нешто во човекот што секогаш може да приговори!
Виктор Емил Франкл
Вистинска цел на човекот е да живее, а не да постои.
Џек Лондон
Навистина целосно и доверливо лице, чие чувство е во совршена хармонија со неговиот ум; за кого може да се каже дека го поврзува вистинското срце со светлиот ум.
Николај Шелгунов
Она што си ти, тоа не можеш да го видиш; она што го гледаш, тоа е само твоја сенка.
Рабиндранат Тагоре
Голем чекори со мали без страв. Средните се држат настрана.
Рабиндранат Тагоре
На луѓето им се забележува оти зборуваат сами за себе. Меѓутоа, тоа е сепак нешто за што можат најмногу да зборуваат.
Анатол Франс
Дури во огледало забележуваме колку сме туѓи на самите себе.
Херберт Хекман
Оној што смислата на својот живот ја наоѓа во ослободувањето на своето духовно Јас од телото, не може да биде незадоволен зашто секогаш го извршува она што тој го сака.
Лав Толстој
Речиси секогаш, кога ќе погледнеме во себе, наоѓаме иста грешка што ја осудуваме кај други. А и ако не ја гледаме таа иста грешка, да погледнеме подлабоко, па ќе најдеме уште полоша.
Лав Толстој
Човекот никогаш не скока во вода со поголема жар да го спаси давеникот, отколку кога се присутни оние кои не сакаат да рескираат.
Фридрих Вилхелм Ниче
Своето сопствено Јас е добро сокриено од самото себе; од сите рудници на богатство, ова своето најдоцна го копа.
Фридрих Вилхелм Ниче
Не пропаѓа само она што не живее само за себе.
Лао-Це
Не е едноставно да се живее по смртта. Понекогаш на тоа треба да се потроши целиот живот.
Станислав Јержи Лец
За да се биде свој, треба да се биде некој.
Станислав Јержи Лец
Не е вештина да се каже: „Сум“. Треба да се биде.
Станислав Јержи Лец
Времето го прави своето. А ти, човеку?
Станислав Јержи Лец
Никогаш не треба да го облечеш најдобриот костум и да излезеш надвор за да се бориш за слобода и вистина.
Хенрик Јохан Ибзен
Никој не се крева толку високо како оној што знае каде оди.
Анри Бејл Стендал
Гледај ја туѓата личност како рамна на себеси според достоинството и воздржи се да ја употребиш како средство за свои себични цели.
Имануел Кант
Гледај туѓа личност како рамна на себеси по достоинство и воздржи се да ја употребиш како средство за свои себични цели.
Имануел Кант
Човек настојува да стекне извесен углед во своето друштво што не го цени, но без кое не може да живее.
Имануел Кант
Патот на спасението е секогаш индивидуален.
Свами Вивекананда
Тајната на личноста е во умешноста на преобразба на маните во добродетелства и слабостите во сила.
Џорџ Сантајана
Твоето сопствено битие се состои од две битија: едно кого ти го замислуваш дека го знаеш и друго кое луѓето мислат дека го знаат.
Калил Џибран
Само еднаш во животот сум бил нем. Тоа беше кога некој ме праша „Кој си ти?“
Калил Џибран
Највисок облик на пријателство е држуење со своето вистинско Јас. Оние што научуваат да уживаат во своето вистинско, внатрешно Јас никогаш не се осамени.
Иво Андриќ
Човек најдобро ќе го запознаете ако го посматрате како се однесува кога нешто се дели бесплатно.
Иво Андриќ
Вистинскиот пријател е како друго Јас.
Марко Тулиј Цицерон
Секое лице е одраз на својот внатрешен свет. Како човекот мисли, таков е и во животот.
Марко Тулиј Цицерон
Оние што го спознаваат својот внатрешен пријател, ги сакаат сите и не се зависни.
Свами Рама
Загледај се во себе: во тебе е непресушен извор на добро, само ако постојано го истражуваш.
Марко Аврелиј
Биди налик на морски `рт во кој без престан удираат морски бранови, а тој и натаму останува цврст.
Марко Аврелиј
Значајна работа е да се запознаеш самиот себеси, да знаеш да ги одмериш силите на својот дух и на својата положба.
Николо Макијавели
Стори сè да се запознаеш самиот себеси, а ништо да те запознаат други.
Огист Анри-Форел
Ако сакаш да продреш во длабочината на себеси, не ќе можеш да ја избегнеш валканицата која ќе избие. Но, немој да се валкаш во неа.
Франц Кафка
Дури во огледало гледаме колку сме туѓи на самите себеси.
Херберт Хекман
Оној што се запознал самиот себеси е повисок од оној што воскреснал од мртвите.
Исак Сирин
Непознавањето на самиот себе е опасно по самиот живот.
Алфред Адлер
Треба да се живее како сите и да не се биде налик на никого.
Жан Кокто
Ние имаме толку лица, колку што има лицето чиј впечаток ни е важен.
Вилијам Џејмс
Твојата постојаност мора да биде поголема од неприфаќањето на твоите идеи.
Роберт Ентони
Оној што не е вистински човек, не може долго да поднесува сиромаштија, ниту долго да издржува благосостојба.
Конфучиј
Голем човек поставува строги барања на себеси; мал човек им поставува на други.
Конфучиј
Добар човек никогаш не се секира дека други не ги признаваат неговите заслуги; единствена грижа му е самиот да не презре туѓи заслуги.
Конфучиј
Постојаноста е најпотребна добродетел. Во сите човечки нешта постојаноста е највисок израз на сила.
Оноре де Балзак
Постојаноста и верата ги совладуваат сите пречки.
Миларепа
И оние што стојат и чекаат исто така дејствуваат.
Џон Драјден
Како што најголема бура не може да помести цврста карпа, така ни пораз ни пофалба не можат да пореметат мудар човек.
Сидарта Гаутама Буда
Не учиме од сопственото искуство, туку од сопствената способност да го доживееме.
Сидарта Гаутама Буда
Довербата во помош однадвор донесува несигурност и страв; довербата во самиот себе создава сила и донесува радост.
Сидарта Гаутама Буда
Она што го немаш позајми го од самиот себе.
Луциј Анеј Сенека
Крал е оној што не се плаши од ништо; крал е оној што не сака ништо, а тоа кралство секој може да си го даде на себеси.
Луциј Анеј Сенека
Престани да мислиш за својата инфериорност; никој не може да го заземе твоето место.
Жозеф Мари Девондел
На опасност мора да ѝ се спротивставуваме со сопствена сила и сопствени средства.
Џавахарлал Нехру
Ништо не може да го замени внатрешниот потпирач.
Жил Мишеле
Човек би можел да направи многу повеќе нешта кога би ги сметал за помалку невозможни.
Франсоа де Малерб
Секој е роден по еднаш да живее. Честа и бруката живеат довек.
Петар Петровиќ Његош
Светот го цени оној што со своето држење дава впечаток дека е секогаш сигурен во она што го прави.
Свами Хамсананда
Добриот глас се состои од тоа што други не знаат сè за нас.
Семјуел Батлер
Никој не може да ви всади чувство на помала вредност без ваша согласност.
Бертолд Брехт
Големите луѓе во личниот живот се наједностави.
Стефан Цвајг