Се смее и разигрува нечие
некакво семе на сончевина
родено вкоренето растено
извишено подготвено
за сите времиња пред него.
Останало назад заостанало
зад молчење што продрело
во срж на коска фрлена
бела можеби уште жива.
Зошто се смее и разигрува
сончевина нечие
некакво семе како веќе
утре да нема да има ништо
ранобудно.
КАМЕНО НЕБО, Стаменост, апстрактна поезија/игриви песни, 57