11. Дека долго сам
И еден и осамен
во студена тишина
потонат,
дека долго сам.
Збор недоречен,
со безмерен молк
во своето јадро,
но и на површината
недокажана.
Јас го слушам громок
и на небо и на земја,
како прв и последен
пред вечна,
скаменета немост.
Дека долго сам,
чека да ја откријам
суштината
на неговото постоење,
па да го разиграм
во ново дело човечко,
непорекливо.