Достоинство

Тивки клокоти

Тоа прво, дури најпрво кога е збор за личноста, но и за колективот на кој таа му припаѓа. Зашто без него не си личност, а колективот не е што треба да биде. Ниту нешто значел во минатото, ниту ќе значи во блиска и далечна иднина.

Недостоинството е беспоговорно веднење глава пред посилниот, помоќниот, беспримерно коленичење при зависност и бесрамно молење за коска што секако застанува в грло и задавува.

Недостоинствените не мислат, не дејствуваат за напред и не создаваат макар за стоење во место.

Достоинството најмногу им пречи на недостоинствените. Тие со сите сили го напаѓаат за да го поразат, да го снеможат, за да го унижат.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 103

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.