Потребно време за читање: 4 минути

Во САД со низа експерименти е утврдено дека средбите на болните, а особено на децата со нивните четириножни миленици, било да се кучиња или мачки, канаринци, папагали, дејствуваат позитивно врз текот на болеста и опоравувањето на пациентот како еден вид психотерапија.

Имено, утврдено е дека позитивните ефекти по таквите „посети“ на болните се огледаат во: пад на температурата, подобрување на работата на срцето, намалување на болките.

Воопшто, омилените домашни животни влијаат позитивно врз нивното расположение, а тоа влијае и врз нивното оздравување.

Одамна не е спорно дека домашните љубимци поседуваат „лековита топлина“. Познатиот американски стручњак за однесување на животните Кевин Чичардсон вели:

„Често ги користиме како „сунѓери“: врз нив ги пренесуваме своите стресови, не водејќи сметка за авторитетот. А кучето или мачката со кои се постапува така земаат слобода да прават што сакаат. Тоа е причина што помеѓу нас и нашите миленици понекогаш се создава однос штетен за обете страни“.

Утврдено е дека помеѓу животните за дружење психички најлабилно е кучето затоа што најмногу зависи од човекот. Значи, треба да се избира внимателно. Секоја раса има поинакви особини, а совпаѓањето на карактерите е од клучно значење за заедничкиот живот на кучењето и господарот. Најмногу грешат оние што се поведуваат по модата и невнимателно избираат миленик со незгодна природа.

Треба да се внимава и со скитниците кои претрпеле трауми. Стручњаците велат дека е тешко да се превоспита куче ако не му го знаеме минатото. Поради тоа во ризична група се и кучиња од прифатилишта кои често патат од синдромот на напуштеност и го принудуваат господарот по цел ден да биде со нив. Додуша, во замена за апсолутна верност.

Изборот на миленикот, по можност младенче, е првиот и најважен чекор за среќа во двајца. Тогаш можете да бидете сигурни дека сте добиле добро друштво и природна антистрес „програма“ со кое се забораваат сите грижи.

Прочитај и за ... >>  Кој знае повеќе?

Запомнете:
кучето е предвидливо, сигурно, контролирано, друштвено, умее да се здобие со доверба на болни луѓе и со него да воспостави посебно чувство на блискост;

птиците се весели, бучни, секогаш во движење, влеваат виталност и чувство на слобода. Во состојба се да разбудат животна радост и да го оттргнат пациентот од духовна поспаност и безнадежност;

мачката е со идеални димензии, со меко влакно пријатно на допир, еластична и разиграна (како создадена за мазење), а пред сѐ е независна, го поттикнува пациентот на поголем степен на самостојност;

желката е бавна, срамежлива, лесна за земање в рака, дејствува смирувачки на хиперактивни деца и им ги зголемува вниманието и концентрацијата;

зајакот е питом, мирен, но подготвен и да потрча и да учествува во игра, бара нежност и ги ублажува тегобите од емотивната сфера;

-рипчињата се колоритни, со флуидни движења и тивки, ги релаксираат мускулите. За разбивање на емотивната тензија е доволно да се гледаат како пливаат во аквариумот.

Терапијата со домашни животни (Pet Therapy) настанала во 1953. г. во Америка, со заслуга на детскиот психолог Д-р Борис Левинсон. Додека работел со аутистичко дете, сфатил дека неговиот пес овозможува полесно да ги изрази чувствата. Контактот бил можност за размена на емоции, игра која сеансите ги направила попријатни.

Практиката во која кучиња и мачки му асистираат на искусен професионалец-психолог, педијатар, геријатар, ветеринар-денес е одомаќена во повеќе болници. Ја забрзува рехабилитацијата во три главни области: психата, нервниот систем и срцето. Оваа извонредна дополнителна терапија е најпогодна за две категории: деца и стари луѓе. Освен спомнатите домашни миленици, во педагошката работа учествуваат коњи и делфини-таму каде што постојат услови.

Во центарот за помош на ветерани во Лос Анџелес се реализира програма на рехабилитација по пат на дружење на луѓе со папагали. Психологот Лорин Линдлер, долгогодишен проучувач на однесувањето на воените ветерани, одлучила неколкумина од нив да ги одведе во резерват на папагали кој се наоѓа во Јужна Калифорнија. Во текот на престојот таа забележала дека воените ветерани од Виетнам и Персискиот залив позитивно реагираат на присуството на птиците во нивното непосредно опкружување.

Прочитај и за ... >>  Труењето на домашните миленици со храна

Во САД се активирани дури 1.400 разни проекти, засновани на интерниот ефект кој кај луѓето се јавува како резултат на нивно „другарување“ со птици или животни. Лекарите се почесто на своите пациенти им препорачуваат да набават мачка или куче, тврдејќи дека домашните миленици помагаат да се елиминира стрес, да се избегне депресија и да се нормализира меѓусебната комуникација.

Почнувајќи од втората половина на 70-тите и 80-тите години на 20. век помеѓу лекарите сѐ поголема популарност стекнува тн. анималотерапија, лечење со помош на животни. Така на Куба, како дел од терапијата кај деца заболени од церебрална парализа, во специјален медицински центар успешно користат делфини. Тие пливаат заедно со децата и се случуваат чуда. Некои деца, кои биле приковани за инвалидска количка, почнале да одат! На речиси истоветен начин се пристапува во лечење на аутизам: малите пациенти радо се одзиваат на повикот со овие добродушни риби да одат да се играат и пливаат во базен и, како што покажала практиката, постепено почнуваат да се враќаат во нашиот свет.

Исцелителската практика во светот памети примери во кои се применува енергетското дејство на животните врз човекот. Во планини на североисточна Турција во терапијата на многу болести се користи биоенергетскиот потенцијал на неотровна белоушка. Тамошните жители веруваат дека овие змии се вистински мелем за мигрена, кожни болести, живи рани и, патем, елиминираат невралгични болки.

Од моментот кога е утврдено дека мачките благотворно дејствуваат врз луѓето кои се во бесвесна состојба и им помагаат на чудесен начин да ги придвижат екстремитетите, сѐ повеќе почнале да ги користат не само во болници, туку и во специјални клиники за наркомани, алкохоличари и во домови за старци. Мачките помагаат при лечење на мажи, жени и деца со сериозни срцеви пореметувања, мозочни оштетувања предизвикани од излив на крв, но и при механички трауми. Еден од водечките специјалисти за терапија со допир, доктор Бертрам Фоукер вели:

Прочитај и за ... >>  Лошите сеќавања можe да се научат да се заборават

„Најпримитивните реакции на нежен допир во критичен период е чувството на малаксаност на телото и убедувањето дека не сте сами“.

Кога ја мазиме мачката, не правиме да ѝ биде пријатно само нејзе, туку и на себеси ја исполнуваме желбата за нежност. А интересно е оти мачките лечат не само луѓе, туку и други животни.Што се однесува на кучињата-доктори, тие не се ништо полоши лекари во однос на мачките и другите животни.

Но кучињата се најдобри елиминатори на стресот. Нивната беспоговорна и слепа верност на газдата помага и смирува во стресни ситуации и не може да издржи присуство на некој непознат.

Кучето, наспроти мачката, не ја елиминира негативната енергија, туку ја јакне постојната, а бидејќи имаат специфична градба и ним им е неопходно да го намалат вишокот на енергија. Ете зошто се подготвени така дарежливо да ја делат со нас. Тие, заедно со љубовта, радоста и верноста, чувствуваат и потреба да пренесат дел од таа енергија на својот газда. Кучињата се вечни акумулатори на енергија и способни да ја даваат, притоа не чувствувајќи нелагода.

Во Велика Британија постојат специјално обучени кучиња кои им го олеснуваат животот на луѓето заболени од тешка форма на епилепсија. На пример, пудлицата Мило чувствува приближување на епилептичен напад кој се заканува на нејзината газдарица и успева да ја предупреди на тоа 10 минути пред неговиот почеток.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here