Дилема

Потребно време за читање: < 1 минута

НАЈГОЛЕМА НЕНАДМИНЛИВА ДИЛЕМА НА ТВОРЕЦ ВО ТВОРЕЧКИ ЗАНЕС: ДАЛИ БУДЕЊЕ ПО ЗАСТАНУВАЊЕ НА СВОИ НОЗЕ ИЛИ ЗАСТАНУВАЊЕ НА СВОИ НОЗЕ ПРЕД БУДЕЊЕ?

ДИЛЕМА КОЈА Е НЕ САМА ПО СЕБЕ НЕНАДМИНЛИВА, ТУКУ ТОЈ НЕ СЕ НИ ОБИДУВА ДА ЈА НАДМИНЕ. МОЖЕБИ ОЧЕКУВА ДА МУ ЈА НАДМИНЕ НЕКОЈ ОД ОНИЕ ШТО ГО ВОСПРИМААТ НЕГОВОТО ТВОРЕШТВО? НИ ТОА.

СЕКОЈ ШТО Е СО ТВОРЕЦОТ МАКАР МИГ ВО НЕКОЕ НЕГОВО ДЕЛО, НАЈЧЕСТО СЕ НАОЃА ВО СОСТОЈБА НА ЗАВИСНОСТ ИЛИ ОД БУДЕЊЕ ИЛИ ОД ЗАСТАНУВАЊЕ НА СВОИ НОЗЕ.

ТВОРЕЦОТ, ПАК, ПОСАКУВА ДА СЕ НАЈДЕ МАКАР ЕДЕН СО НЕГО ШТО НЕКОЕ ВРЕМЕ ЌЕ БИДЕ БУДЕН ПРИ ЗАСТАНУВАЊЕ НА СВОИ НОЗЕ ИЛИ ЗАСТАНАТ НА СВОИ НОЗЕ ДОДЕКА СЕ БУДИ.  

НАСЛОВИ (СĖ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 39