По прашањево веднаш следуваат одговори, така што е сеедно дали досега сте знаеле или не. Не ќе е лошо да запомните што е можно повеќе од нив:
- Мажите значително повеќе гинат од удар на гром одошто жените.
- Една унца (28.3 грама) злато може да се растегне во нишка долга 70 километри.
- Додека спијат, мажите значително повеќе паѓаат од креветот одошто жените.
- Според Кинси, половина од мажите одгледани на фарма имале сексуално искуство со животно.
- Енергијата која сонцето ја зрачи секоја секунда е еднаква на онаа што би се ослободила со детонирање на една хидрогенска бомба секоја секунда во период од 2.300 години.
- Градските гулаби се 5 пати поактивни од селските, но затоа и 5 пати пократко живеат.
- Првите зборови кога било изговорени во звучен филм биле „Wait a minute, you ain`t heard nothing yet “. Во филмот „The Jazz Singer“ ги искажал во 1927. година Ал Јолсон.
- Октофобија е страв од бројот 8.
- Канадски закон им овозможува на бисексуалците да гласаат во дистриктите во кои поминале една недела пред избори.
- Еуген Карнер е последниот човек кој бил на Месечината.
- Ноевото око е поголемо од неговиот мозок и јасно гледа на оддалеченост од 5 километри.
- Генераторот што ја полни воздушната перница во автомобилот се пали со иницирачка капсула која содржи 8 грама пластичен експлозив.
- Џиновската медуза „Cijanea arktika“ е најдолго животно на Земјата. Краците на најдолго пронајдениот примерок биле 36.5 метри.
- Во Канада е забрането да се плати нешто што чини 50 центи само со ситнина.
- Кулите на Светскиот трговски центар имале вкупно 43.600 прозорци.
- Ципридофобија е страв од проститутки или полово преносливи болести.
- Најтаинствената книга на светот е откриена во 1912. година во Италија. До ден- денес никој се уште не успеал да го дешифрира писмото.
- Во текот на една менструација жената губи 35 мл крв (едно шишенце лак за нокти). Во текот на годината 420 мл (просечна туба на кечап), а во текот на животот 15.540 мл (околу 15 кантички боја од 1 л).
- Кога човек го издувува носот, воздухот што излегува под притисок достигнува и 160 км/ч брзина!
- Човечките солзи ги произведуваат 4 жлезди сместени покрај очите, ја испираат рожницата и истекуваат во носот. Ако ги има премногу, се излеваат преку капаците. Она што е интересно е дека секој ден човекот излачува (и ако не плаче) околу половина литри солзи!