Она што нѐ разликува од останатите суштества на нашата планета се размерите на човековиот мозок, илјада билиони нервни ќелии спакувани во 1.400 кубни сантиметри-поголеми од кој било друг вид што живее на Земјата. Благодарение на тоа, ние сме доминантен вид.
Пред околу билион години мозоците кај тогашните суштества биле поприлично едноставни. Претставувале една мала група на специјализирани ќелии со способност да пренесуваат електрични сигнали за придвижување на други групи на ќелии. Тие им биле потребни на суштествата брзо да избегаат од другите во потрагата по храна.
Потребата од нервен систем се изродила од неопходноста за развој на чувството за опкружувањето-за звуците, светлината и темнината, температурата, за предвидување дали предатори има во близина. Така се развивале сензорните рецептори во близина на ќелиите кои ги контролирале движењата и им давале смисла. Други групи на ќелии се развиле во специјализирани структури кои генерирале чувства и се наречени лимбичен систем. Останатите пренесувале информации низ ‘рбетот до оддалечените делови на телото.
Функцијата на ваквиот нервен систем била снаоѓање во средината (чувство за опасност, чувство да се дојде до храна и одржување на видот) и генерирање на емоциите кои воделе кон физичка активност- борба, напад, гонење на непријателот.
Тогашните диносауруси, иако достигнувале џиновски размери, имале малку мозок, на пример тироносаурусите сенасе 100 сантиметри кубни, но тој не им бил ниту потребен. А тогаш, пред некои 200 милиони години, кај цицачите мозокот почнува да го исполнува просторот наречен кортекс. Со развојот на мозокот се развива и способноста за размислување и планирање. Од периодот на првите хуманоиди, од пред околу 2 милиона години, до современиот човек, мозокот тројно се зголемил, и тоа најмногу во фронталниот предел.
Зошто дошло до таков развој на мозокот е сѐ уште мистерија. Се смета дека тој развој бил неопходен поради потребата пралуѓето да користат орудие, да ловат организирано, да создадат систем на договарање. Потоа, од пред околу 60.000 години, се јавува самосвесноста, тоа е отприлика време кога примитивните луѓе почнуваат да изведуваат ритуали за погребување на мртвите и почнуваат да веруваат во задгробниот живот. Самосвеста, способност за планирање и разум, им овозможи на примитивните луѓе да го променат своето првобитно еколошко опкружување…шумите и некаде пред крајот на последната ледена ера, пред околу 10.000 години, да се населат и создадат комуни во рамнините околу реките.
Останатото е веќе историја, следена со постојан напредок на човештвото. Луѓето станаа доминантен вид, а ниеден друг вид ни оддалеку не се приближил на способноста на луѓето да создаваат технолошки подобрувања во средината со која се опкружени. Во 20. век стасаа на Месечината, го совладаа процесот на цепење на атомите, изградија облакодери и го мапираа човечкиот геном.
Според некои научници, развојот на кортексот кај луѓето бил премногу брз, во временски однос, како што е еволуцијата, се случил со брзина на трепнување на окото. За тоа време кортексот кај луѓето толку се развил што сосема ги опкружил старите структури на мозокот, како што е лимбичниот систем, па тие останале сосема непроменети со илјадници милиони години. Лимбичниот систем кај човекот се уште функционира онака како што функционирал кај прачовекот, да стимулира страв, бес, непријателство, сексуална привлечност и борба за територија.
Постариот дел од мозокот игра многу поголема улога во нашиот процес на размислување отколку што можеме да претпоставиме, но на сета среќа е сепак подреден и под контрола на свеста. Според професорот Robert Ornstein, од Стандфорскиот универзитет, архаичниот дел од мозокот диктира многу наши секојдневни реакции, така што кога сме лути, уплашени и агресивни, за тоа е виновен тој. Ова ни го комплицира секојдневниот живот, стариот примитивен дел од мозокот, кој на прачовекот му бил неопходен да се одбрани од предаторите, во 21. век е сосема некорисен.
Едно од најголемите човечки достигнувања во 20. век било цепењето на атомот, со што се создава циклична нуклеарна реакција која создава огромни количини на енергија, што беше производ на нашиот кортекс. Меѓутоа, како нашиот примитивен мозок го виде ова достигнување? Каква прекрасна идеја за атомска бомба! Пет пати во минатиот век човештвото беше пред истребување поради непосредна опасност од употреба на нуклеарно оружје. Оваа опасност и денес лебди над човештвото оти постојат илјадници нуклеарни оружја, илјадници тони на плутониум и збогатен ураниум, потенцијално достапни на терористите.
Во 20. век човештвото се соочи, во 21-ов допрва ќе се соочува сѐ пожестоко со уште една опасност-климатските промени. Моментното загадување се заканува со огромни климатски промени- подигање на глобалната температура за 5 до 9 степени, што до 2.100-тата година, според британски научници, би предизвикало претворање на големи површини во пустини и ако не смрт, тогаш преселување на 90% од човечката популација.
Благодарение на нашата можност за резонирање и свест, свесни сме за опасноста. Но поради силата на примитивниот дел од мозокот, можеби нема да можеме да го превртиме текот на настаните кој сами го предизвикавме.
Спорерд пррофесорот Edward 0. Wilson, автор на есејот „Дали човештвото е самоубиствено?“, пишува дека мозокот еволуирал од периодот кога нашите претци биле ловци, имале кус живот, се фокусирале само на блиската иднина, прибирале храна и се размножувале. Многу не се променило до денешни дни. Живееме во племенски општества, и натаму територијално агресивни, оддадени на приватен простор и ориентирани кон себични сексуални и репродуктивни пориви.
Индивидуите се ставаат себеси на прво место, на второ е семејството, племето е на трето, а остатокот од светот е нешто што е многу оддалечено и на последно место. Луѓето со своето генетско наследство се програмирани да бидат себични, па чувството за општа-глобална одговорност можеби ќе дојде предоцна. Била тоа несреќа за живиот свет карниворните примати, а не некој друг понизок вид да го преземе приматот. Во вакво можно сценарио човештвото еволуирало дотаму додека не станало доволно „разумно“ да се уништи самото себе, и тоа се примитивните импулси кои се скриени во примитивниот дел од мозокот.
Според други научници, она што може да го спаси човештвото е алтруизмот, кога членовите на видот ќе ги стават своите потреби под потребите да работат за општо добро. Денешната глобализација на светот-глобалните институции, интернационалната трговија, масмедиумите, глобалните финансии, не поврзуваат и ги уништуваат племенските разлики кои не прават непријатели. Ова нагло ја менува наклонетоста кон деструктивно и агресивно однесување, кои индиректно ни штети на самите себе.
Глобалните студии, како што се Кјото протоколот и Законите за нуклеарно разоружување, можеби значат дека проблемот сме го адресирале на разумниот дел од мозокот-кортексот. Или можеби не, ако сте од друга планета и, пребарувајќи безживотна пустина на планетата некогаш наречена Земја сте нзшле пдоатоци за планови за нејзино опоравување, можеме да кажеме дека тоа била само добра идеја во тоа време.