Избор на помалку познати зборови од македонскиот народен говор, најмногу турцизми, некои од нив можеби првпат прочитани-слушнати од вас. За потоа да си порачаме нешто „општонародно“. За паметење од денес за утре:
-бафт-тафт-или-или;
-мувлет-рок;
-сербез-слободен, независен; смел, бестрашен;
-ѓоамити-божем;
-јанлаш-погрешно, неточно;
-ујдиса-спогоди, натокми;
-шака-шега;
-гафил-невнимателен, немарлив, непретпазлив;
-пеки-добро, многу добро;
-џеза-казна
Моја „општонародна“ порака:
Јанлаш е некој сербез да го ставиш во бафт-тафт. Му иде како џеза али шака. Ама во час станува гафил, ѓоамити има уплав од мувлет, па итро ќе се ујдиса со оние што ќе мислат дека е пеки само така, не вака али онака.
Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.
Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.