Црква „Св. Ѓорѓи Кратовски“ е сместена во долниот дел на градот, близу Кратовска Река, до Автобуската станица во Кратово, во дворот на некогашните стари градски гробишта. Црквата била изградена во 1925 година во чест на Св. Ѓорѓи Кратовски, кој бил прогласен за заштитник на градот во 2002 година од страна на Советот на општина Кратово.
Сликата на овој маченик била пронајдена под тули при реновирање на куќата за која се верувало дека била неговата родна куќа. Подоцна, зографот Димитар Папрадишки сликата ја пресликал во црквата во Кратово, како и во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.
Според кажувањата на постарите кратовци, сликата на овој маченик била пронајдена под тулите при реновирање на куќата за која се верува дека во неа живеел св. Ѓорѓи. На неа, пишувало „Ова е мојот син, запален заради Христа во Софија“. Сликата била однесена од жената по име Мара Лопка, која ја купила куќата, во црквата посветена на овој маченик во Кратово и била предадена на тогашниот архијерејски намесник, свештеникот Никола Јовичевиќ.
Автор: Гордана Јанакиевска