Потребно време за читање: < 1 минута

Нашата близост е
од дамнешно време
во кое немаше
ни ронка нечие
ни ничие или сечие.

Не е иста каква
што беше некогаш.

Некогаш е поблизу
од кога било
и до кога ќе биде.

Каква е сега
нека биде да е
ко никогаш досега
меѓу нас.

И ние и кој било друг
да не ја надмине
ниту да ја совлада
немоќна некоја
наша далечина.

Делиме заеднички сон
во ноќ со нов живот
за грижно постоење.

ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Разурнат град на птици, поетска инсталација, 49