Бликнати извори

Потребно време за читање: < 1 минута

Неколку извори последни
во заумен свет
сè уште животворни,
сè уште длабоки и бистри
се собрале, бликнале
меѓу сенки на зајдисонце,
пред да падне квечерина.

Сенките сè уште се држат
сплотени,
а тоа нив како уште
повеќе да ги бистри;
несомнено се од сè
веќе случено
и што допрва несомнено
ќе се случи.

Недвојбено е дека тие
не се од луѓе;
ниту некогаш  биле,
ниту допрва ќе бидат.

Бликнале извори длабоки
и бистри,
та потекле, та јурнале
како потоци,
како реки понорници,
како реки широки,
длабоки, поплавни.

Сенките како да почнале
да војуваат против нив,
како да се пред гаснење,
пред исчезнување,
како да се претсмртни.

Препев на пев и повев, Зрачат сни, поетска инсталација, 3