Бидува, 491-500

Бидува

491. Камени срца

Некој наредил на сонце
камени срца во срце.

492. Кога

Било кога било
нешто постојано.

493. Самородно

Се родило само,
без ништо сродно.

494. Горди

Неколкумина горди
не се знаат меѓусебно.

495. Пред природа

Стоиш пред природа,
слушаш нејзини звуци.

496. Меѓу

Си меѓу огнови
на два голи рида.

497. Возбуда

Зовре од соништа
во спокојна ноќ.

498. Силење

Се сили како сам
да бега од невола.

499. Мегдан

Се собрале на мегдан,
а со нив незнајни јунаци.

500. Божем

Божем ја брани слободата
како негова небрежна игра.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.