Бескрвни голи лица
Бескрвни голи тела
И бескрвен молк
Се гледаат
Спроти висока порта
На крепост за премин
На бескрвна вода
До почеток на бојно поле.
Зошто се бескрвни
Зошто им е бескрвен
Молкот
Тоа сѐ уште не се знае
А истражувањето е
Сѐ уште во тек.
Треба да се има на ум
Дека бескрвноста е
Од самост немост
Од безмерна смрт
На воини кои се бранеле
До последна капка крв.
Како и тоа дека
Бескрвните голи лица
Бескрвните голи тела
И бескрвниот молк
Што се гледаат
Спроти висока порта
На крепост за премин
На бескрвна вода
До почеток на бојно поле
Е всушност бескрвен
Никогаш достижен
Небосклон.
Кој раскажува залудност
На исконско јунаштво.
ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Превирања, стихозбирка, 50




